Колумна на Цветанка Захова -HR Professional
Процесот на промена е борба меѓу самиот себеси, борба со потребата да останеме исти и потребата да се промениме. Со што се соочуваме?
Од една страна се бориме со психолошкиот момент, свесни сме дека промената ни е важна и неизбежна во процесот на развивање и континуираната работа на себе. Свесни сме дека моменталниот начин на однесување и функционирање е деструктивен, а потајно тежнееме да останеме исти. Овде започнува борбата, што би рекол Роберт Билбилов: во дилема сум, дали со срце или ум.mp3
Судир на личноста, непреспиени ноќи, непријатности и многу непријатности.
Носењето на битните и небитните одлуки во голема мера ни влијаат од општеството, од потребата за притопување со масата, како најдобро прилагодување на барањата и очекувања што средината и поодделните личности ги имаат од нас. Овие одлуки за нас се крајно деструктивни и приморани, но барем ги задоволуваме нереалните очекувања на непознатите 😉 Ова ни дава чувство на сигурност. Зона на комфорт, познати чувства, милион слични ситуации и предвидлив резултат. What’s not to like?!
Промената бара излез од комфортот и влез во нестабилна и неизвесна состојба каде настапува на сцена стресот, анксиозноста и сомнежот. Во оваа фаза имаме константна борба помеѓу потребата од самосаботажа и самосожалување, а преовладуваат силно изразени емоции на бес, немир и умор. Уморот се јавува како резултат на непрекинатото напорно работење на себе, прилагодувајќи се на средината и задоволувајќи сечии потреби, освен сопствените.
Промената е постојана борба. It’s you against you all the time.
Освестувањето е клучно за имплементирање на постепени промени. А зошто е важно? Затоа што со помош на освестувањето ја враќаме сопствената моќ, самостојно донесуваме одлуки и започнуваме да владееме со себе и своите чувства. Благодарејќи на оваа состојба, моменталната реалност, потенцијалните ризици и предизвици можеме да ги обликуваме и толкуваме на нов, за нас, непознат начин. Во оваа фаза, чувствуваме збунетост, а истовремено доминира чувството на гордост на самиот себеси и настапува на сцена чувството на спокој. Тотален мир. Дури и ноќе. На овој начин, свесно, изборувајќи се со самиот себеси ја преземаме одговорноста и улогата што ја играме при процесот на донесување на одлуки и владеење на нашите емоциите.
Till the next time.
За авторот:
Цветанка Захова -HR Professional.Магистер по правни науки и ексесивен гледач на серии.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.
1 коментар
Одлична статија Цветанка. Имаш посочено интересни, доста важни моменти во целиот тој процес на промена. Моментот на или или и почетокот со освестување, кога започнува еден посложен дел од процесот.
Пред се доста интересен наслов, секоја чест.
Би било фино кога истата статија би постоела со аудио варијанта за слушање. Поздрав