ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.
Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
Работни задачи:
- Подготвување огласи за слободни работни места
- Пронаоѓање и привлекување на кандидати со користење на различни канали
- Претходна проверка на апликациите според релевантните критериуми и изготвување на листи на кандидати за разгледување и одобрување
- Спроведување интервјуа користејќи различни алатки/методи за селекција и тестирање на кандидатите применувајќи релевантни тестови
- Договарање на писмени тестови и интервјуа со кандидати,
- Изготвување прашања за интервју; вршење на референтни проверки и изготвување документи за конечни одлуки
- Подготовка на активности поврзани со регрутирање (работни места, интервјуа, консултации, воведна обука итн.);
- Евалуација, селекција и вршење потесен избор на кандидати за отворени позиции;
- Подготовка, развој и имплементација на политики за човечките ресурси
- Воведување на нови вработени во процесот на работа
- Подготвува формулари за мерење на постигнувањата на вработените и го координира процесот на оценување
- Организира разни настани и тековни активности за мотивирање на вработените
Потребни квалификации:
- ВСС и најмалку 3 години искуство во регрутирање и селекција на вработени
- Напредно познавање на англиски јазик;
- Задожително познавање на закони поврзани со областа
Работно време и место каде се извршува работата:
- Понеделник-Петок 8:00-16:00 часот
- Работниот ангажман вклучува работа во просториите на ФИБЕРНЕТ.
Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, пратете го вашето CV преку брза апликација или на следната емаил адреса vrabotuvanje@fibernet.mk
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.