Како до кариера како HR Директор

од 24HR

Здраво Маринела. Денес HR Resourses Director (Директор на Служба за развој на Човечки ресурси) во Кроација Осигурување, а пред една година, студент на HR Академијата во Семос Едукација – генерација 2021.  Честитки и само успех понатаму! Би сакале да позборуваме на тема човечки ресурси. Што те мотивира во оваа професија? 

Пред сè, ви благодарам за искрените честитки. Во последно време темата за човечки ресурси е се позастапена во компаниите, независно од нивната големина, што навистина ме радува. Кога размислувам на оваа тема и на тоа што ме мотивира, веднаш на памет ми паѓаат- ЛУЃЕТО   Јас навистина ги сакам луѓето и во секого гледам потенцијал за развој. Сакам да ги гледам како растат и да им помогнам да ја достигнат најдобрата верзија од себе. Верувам дека секогаш можеме подобро и тоа е мотото кое ме води напред, секој ден да сме подобри од вчера. Тоа е културата која сакам да ја пренесам на вработените. Од тука, кон она што ме мотивира  во оваа професија, освен луѓето, би додала и континуирано учење. Човечките ресурси се професија која бара никогаш да не запреме со учење, подобрување, адаптирање и менување. Никогаш не е досадно. 

Раскажи ни нешто за твојот кариерен пат…

Уште како мала сонував да бидам Банкар. Впрочем, така и започна мојата кариера и поминав 6 години во банкарскиот сектор, каде што сфатив дека контактите со луѓето, секојдневната комуникација и изнаоѓање решенија за нивните потреби е нешто што ме исполнува и ме прави среќна. Тогаш сè уште не бев свесна дека всушност ги сакам луѓето  Мојата кариера во Човечки ресурси започна многу случајно, без воопшто да знам колку нови хоризонти ќе ми отвори самата професија.  Благодарна сум што имав можност да бидам дел од HR тимот во Маркарт Македонија од самиот почеток и тоа е местото каде што се вљубив во HR професијата. Како дел од меѓународна компанија, Одделот за Човечки ресурси игра улога на стратешки партнер на бизнисот, притоа подигнувајќи го искуството и мотивацијата на вработениот на едно ново, повисоко ниво. Поминав 6 години истражувајќи и имплементирајќи најразлични теми, почнувајќи од регрутација, on-boarding, обуки, мерење на учинокот и евалуација, до мотивација на вработените, тим билдинг активности и CSR активности. Ја засакав професијата и секогаш сакав што е можно повеќе да научам и да бидам инволвирана во задачи и проекти. Трагајќи по знаење, се запишав на Академијата за човечки ресурси во Семос Едукација каде што од една страна, го потврдив она што веќе го знаев, а од друга страна пак, добив нова перцепција и нови знаења од областите кои ми беа помалку познати. Од пред неколку месеци сум дел од менаџерскиот тим на Кроација Осигурување како Директор на Служба за развој на човечки ресурси и сум навистина среќна што можам дел од моето знаење да го пренесам и адаптирам во друга индустрија.  

Како изгледа еден работен ден на HR Resources Director?


Како личност сум креативна, проактивна и динамична, па можам да кажам дека ми сметаат репетитивни работи. Затоа ми е исклучително важно да ја одржам динамиката и постојаниот предизвик на високо ниво. За среќа и осигурителниот бизнис и човечките ресурси, бараат постојана потрага по нови иновативни начини на работа и реализација, што работниот ден го прави навистина краток, разновиден и исполнет. Нема двајца исти вработени, исти случувања, исти достигнувања… 

Како ти помогна Академијата во тоа што го работиш денес? 

Често велам дека Академијата ми даде голема самодоверба. Како што спомнав, се запишав со солидни предзнаења од повеќе HR области, но и покрај тоа имав можност да научам за облсти кои ми беа помалку познати. Според мене, непроценливо е споделувањето на искуства со колеги од областа. Сите предавачи се искусни и се навистина една ризница од идеи. Сметам дека од посебно значење е и постојаната комуникација и консултација за секаков вид нејаснотии, толкувања и препораки. Имам чувство дека секогаш, во секоја ситуација имам каде да се обратам.

И на крај, што би им препорачала на оние кои сакаат да изградат кариера во HR светот?

Сите ентузијасти кои сакаат движење на работите кон подобро и постојано учење, можат да изградат кариера во HR.  Ако се прашуваат од каде треба да почнат, дефинитивно ја препорачувам HR Академијата на Семос Едукација бидејќи освен со теоретско знаење, се здобивате и со практично знаење од работа на проекти и споделени искуства. Секако, да не го заборавам и Кариерниот центар кој нуди и дополнителна поддршка во започнување на кариерата.

Во тек се апликациите за стипендии за  HR Академијата. Бидете дел од новата 13-та генерација на стручната Академија за управување и развој на човекови ресурси и искористете ја шансата да освоите целосна стипендија во вредност од 1720€ или делумна стипендија во вредност од 860€ и 430€.

Повикот за стипендии е отворен до 20 септември.

Аплицирајте!

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...