ОПИС НА КОМПАНИЈАТА
Наш клиент е БТА Македонија дел од Групацијата TAВ Аеродроми. Компанија која врши угостителски услуги во 8 земји и 18 Аеродроми во Турција, Грузија, Македонија, Тунис, Латвија, Саудиска Арабија, Хрватска, Оман. Во име на својот клиент ДЕКРА ја објавува позицијата:
- СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ( замена за породилно отсуство)
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Активно следење на законската регулатива;
- Подготовка, развој и имплементација на политики за човечките ресурси;
- Подготовка на договори и други акти од областа на човечките ресурси;
- Kоординирање, организирање и водење на процесот на регрутација и селекција;
- Подготовка на плата и дневни извештаи;
- Пријава и одјава на вработените;
- Воведување на нови вработени во процесот на работа;
- Водење евиденција за отсуства на вработените (годишен одмор, боледување и др.);
- Управување со системот за евиденција на работно време;
- Изготвување годишен буџет за персоналот во согласност со систематизацијата на компанијата, обезбедување персонал во согласност со предвидениот број;
- Член е на дисциплинската комисија и учествува во дисциплинските состаноци;
- Подготовува формулари за мерење на постигнувањата на вработените и го координира процесот на оценување;
- Организира разни настани поврзани со вработените како и тековни активности за мотивирање на вработените;
- Изготвува извештаи за потребите на одделот и одделот за финансии;
- Офицер за заштита на лични податоци (водење на комплетна документација и евиденција), останати обврски во контекст на правилата и процедурите на компанијата.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Висока стручна подготовка (Менаџмент на човечки ресурси, Правен факултет, Бизнис администрација или Психологија);
- Напредно познавање на англиски јазик;
- Задожително познавање на закони поврзани со областа.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Способност за работа во тим;
- Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност;
- Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите своите професионални биографии можат да ги испратат на: job.arbeit.mk@dekra.com, со назнака за позицијата за која аплицираат.
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 22/09/2022
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии, ќе се третираат со максимална доверливост.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.