среда, јануари 21, 2026
Почетна НовостиСтипендии за HR Aкадемија во вредност од 1.720 евра

Стипендии за HR Aкадемија во вредност од 1.720 евра

by 24HR

Повикот за стипендии за есенската генерација за 2021/22 година за HR Академијата е отворен.

Семос Едукација доделува две целосни стипендии во вредност од 1720 евра, две половични во вредност од 860 евра и неколку делумни стипендии во вредност од 430 евра.

Стипендиите се однесуваат на предавањата, материјалите и менторирањето во временски период од 9 месеци, од октомври 2021 до јуни 2022 година.

Како да аплицирам?

Пополнете ја  апликацијата  за стипендија  и ќе бидете контактирани за онлајн интервју. Kраен рок за апликација за стипендија е 16 септември. Побрзајте. Предност ќе имаат порано примените апликации. Детали за стипендиите и Академијата ќе најдете на официјалниот сајт.

HR Aкадемијата е подготвена од HR професионалци за следните генерации на HR лидери!  Искористете ја оваа можност и станете дел од дванаесетата генерација. Тимот на предавачи е составен од експерти во различни области на HR. Тие се HR менаџери кои секојдневно се соочуваат со предизвиците кои ги носи оваа професија.

Related Posts

Leave a Comment