Утринска мотивација како да го започете денот!

од 24HR

Наутро почнуваме рано за да започнеме со нашите обврски,помислата дека треба да однесете дете на училиште,градинка,помислата на сообраќајот и уште други обврски на дневен ред не прават хаотични,особено за оние кои не се личности кои стануваат рано.

Не секој е утрински човек. Доколку сте ноќна птица, може да биде уште потешко да го започнете денот.

Совети за утринска мотивација за да го започнете денот како што треба

  • Будење малку порано ,станете барем половина час порано од вообичаеното.Многу често се спротиставуваме на било каква промена имаме отпор да започнеме со некоја нова навика или промена. Се верува дека потребно е 21 ден за да се развие навика.Доколку станувате 21 ден по ред,ќе направите навика и ќе немате проблем понатаму со станување порано.
  • Погрижете се да ја исклучите електрониката 60 минути пред спиење и да го опуштите телото. Отстранете ги екраните (сината светлина од телевизорот и телефонот ја нарушува вашата способност за спиење)Истото важи и кога ќе се разбудите,обидете се да не дозволите вашиот мобилен апарат да биде тој што ќе се разбудите со него.
  • Избегнувајте напорни вежби во рок од три часа пред спиење, бидејќи тоа може да го наруши производството на хормонот за спиење.
  • Планирајте го вашиот појадок пред време и пригответе си убаво јадење. Пригответе го омиленито кафе или чај.
  • Ако уживате во вежбањето, размислете за утрински вежби .Можеби на почетокот ќе се чувствувате уморно, но ако продолжите со тоа, постепено ќе се чувствувате поодморени  и по спиење ќе бидете возбудени да го започнете денот.
  • Доколку стекнете навика за утринско капење или туш,не само што вашето тело ќе ужива туку и вашиот метаболизам ќе се зајакне.

Постотојат многу причини како може да станете утрински мотивиран и да уживате во утрата! Убав ден!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...