Успешно ги раздвижуваме бизнис круговите преку едукативни работилници со странски експерти на различни теми!

од 24HR

Интервју со Зорица Бужаровска Бошковска, генерален директор на КАРИЕРА.мк

Зорица, Кариера.мк постои 6 години, растот и развојот се движи во нагорна линија, соработувате со многу реномирани компании, кој е клучот за успехот?

Со сигурност би можела да констатирам дека успехот на КАРИЕРА.мк се должи на посветената работа, љубовта кон она што го правиме и нашата спремност да си ги слушнеме нашите клиенти и да пристапиме кон задоволување на нивните потреби.

Дополнително, КАРИЕРА.мк е компанија која константно инвестира во своите вработени и во својот маркетинг, со што се стремиме да бидеме поразлични и да сме присутни во животите на луѓето и компаниите од овој регион.

Кои се правилата по кои треба да се води една компанија за да има оглас,дали има некој прописи за да се избегне некој вид дискриминација?

Секоја компанија огласите ги поставува по своја замисла бидејќи ја цениме нивната компаниска култура и иновативниот избор за тоа како сакаат да дојдат до новите потенцијални членови на нивната компанија. Во секој случај на нашиот сервис, имаме и прирачник кој може да помогне во креирањето на еден добар оглас за работа каде што даваме совети од нашето долгогодишно искуство каде сме прочитале илјадници огласи од најразлични сфери на работењето.

Дискриминацијата никако не е дозволена по ниеден основ и нашиот тим за корисничка поддршка работи будно работи на корегирање на огласите доколку се забележи било каква текстуална определба која наведува на дискриминација.

Платата наведена на самиот оглас е она кое повеќето од кандидатите сакаат да се наведе,дали тоа е секогаш важно да се напомени,бидејќи сепак знаеме дека платата зависи и од квалификациите на кандидатот?

Што се однесува до платите, на КАРИЕРА.мк на крајот на 2021ва додадовме поле каде секоја компанија при поставување на својот оглас може да наведе плата во ранг од-до што прави компаниите да се чувствуваат комотно да ја изразат платата а самите потенцијални апликанти можеби и ги мотивира да аплицираат за дадената работна позиција.

Одредувањето на платата е навистина специфична тема и верувам дека секоја компанија има механизми за одредување на компетенциите на денот на интервјуто или низ низа тестирања кои следуваат до финалниот понуден договор за вработување.

Моето лично мислење е дека секој оглас треба да има ако не точна плата, тогаш некој потесен ранг од-до кој ќе даде слика за тоа што може да очекува потенцијалниот апликант со што би се заштедило на загубено време и од страна на компанијата и од страна на апликантот.

Кариера е портал каде кандидатите имаат на дланка огромен број на огласи,дали кандидатите можат да се обратат до Кариера со нивни профил кој би го препорачале доколку ја има таа позиција спорет неговите квалификации?

Од почетокот на минатата година работиме на нов продукт кој сеуште е во тест период и кој го нарековме MojaКАРИЕРА . Истиот е идејно решение на спојување на компаниите и апликантите кои ќе ги наведат своите тагови/преференци за работно место и професија во нашиот систем и ќе прикачат соодветно CV.

Бидејќи се работи за сложен процес, работата на овој продукт навистина ни одзема долго време за интеграција во нашиот систем и сеуште работиме на аспекти кои видно ќе го забрзаат процесот на вработување на нашиот сервис а со тоа ќе помогнеме на многу компании и физички лица полесно да дојдат до совршен спој.

Што најчесто им препорачувате на компаниите кои имаат потреба од кандидати, на што да го стават фокустот во самиот оглас?

Од моето искуство, би можела да кажам дека секогаш советувам компаниите или HR одделите да внимаваат во составувањето на секој оглас и да бидат што е можно по едноставни во дефинирањето на задолженијата, бенефитите и условите за конкретното место кое го огласуваат. Дополнително, многу компании забораваат да го додадат делот каде што кажуваат накратко кои се тие, би споменала дека овој дел дава слика за тоа кој вработува, која е позадината на конкретната компанија, дејноста итн.

Друга многу важна секвенца е формулирањето на називот на работното место, бидејќи во последно време се соочуваме со модернизирани имиња кои го отежнуваат разбирањето на самата работна позиција и многупати ги обесхрабруваат потенцијалните апликанти зааплицираат за дадено работно место иако можеби истите се сосема квалификувани за истото.

Во последниов период имате интересни интерактивни проекти кои се наменети за дообука и ги водите како работилници со меѓународни експерти, кажете ни нешто повеќе за идејата и кои се наредните планови?

Идејата за креирање на настани од овој тип се појави од нашата желба како тим повторно да правиме нешто поразлично и нешто што ќе го раздвижи нашите бизнис кругови на еден позитивен и едукативен принцип.

Лично јас сум вечен ученик и обожавам да си ги надополнувам моите вештини и знаења па секој нов ден го гледам како можност да се научи нешто ново а од тоа да произлезе и некоја идеја за нови соработки, пријателства или дури можеби и градење на цели нови продукти.

КАРИЕРА.мк во организацијата на овие работилници, на различни теми, работи на носење на експерти од различни области од светот во Скопје. Досега успешно поминаа две работлиници, првата со маркетинг директорката на Google Turkey и втората со маркетинг директорката на Адидас од Амстердам.

Навистина сум среќна што во ова интервју можам и да ја најавам следната работилница која ќе се одржи на 19ти мај и е наменета за сите HR ескперти и C level менаџери кои сакаат да чујат нешто повеќе за најдобрите практики од DHL Германија. Едукатор на оваа работилница е Stefanie Wittenbecher, Head of Learning & Development во DHL, Germany која има големо искуство во градењето на одлични тимови, нивно дообразување и целосно интегрирање во компанијата со цел задржување на паметните капацитети на подолг рок.

Повеќе информации за настанот може да прочитате на следниот линк:How HR and C-Level Management can Leverage Employee Retention

Со сигурност ветувам одлично дружење на настанот и многу нови аспекти за размислување на теми задржување на вработените кои се значајни, најдобри HR практики кои фукнционираат и идеи за внатрешно дообучување на било која успешна компанија.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...