Видови на интервју?

од 24HR

Во организациите или компаниите, интервјуата обично се спроведуваат за да се тестира соговорникот, да се провери нивното знаење за доменот, да се испитаат нивните вештини, емоции,внимателно да се испита нивното однесување и став и многу други аспекти кои се потребни за исполнување на организациските потреби.

Имаме различни типови на интервју:

Формално интервју или планирано интервју е одржано на формален начин, односно кандидатот ќе биде информиран за интервјуто многу однапред ,а оној кој ќе го интервјуира има однапред планирано прашања за интервјуто.

Неструктурирано интервју или уште се нарекува неформално.Овој тип на интервју е непланирано, и прашањата на интервјуто не се подготвени. Во овој тип на интервју нема процедура за поставување прашања, може да се организира на кое било место и најчесто е пријателски вид интервју.

Виртуелните интервјуОвој тип на интервју станува редовен дел од процесот на аплицирање за работа после појавата на коронавирусот. Овие интервјуа помагаат да се заштеди време и пари, може да се снимаат и споделат со други менаџери,затоа повеќето компании ги префериираат.Обично се коритат во првиот круг од елиминација.

Групно интервју − Групните интервјуа се спроведуваат за да се заштеди време кога има голем број апликации за неколку слободни работни места. Ќе биде дадена тема за дискусија меѓу кандидатите и оној кој ќе ги интервјуира ќе го процени однесувањето на секој кандидат во групата. Ова е обично се врши пред официјално индивидуално интервју .

Стрес интервју – Стрес интервјуата се спроведуваат за да се открие како кандидатот се однесува во стресни услови. Во овој тип на интервју, имаат за цел да дознаат дали кандидатот може да се справи со барањата на сложена работа. Кандидатот кој ја одржува својата смиреност за време на интервјуто за стрес е вообичаено вистинската личност да се справи со стресна работа.

Индивидуално интервју – Во индивидуално интервју, интервјуто се одвива еден на еден, т.е. ќе има вербална и визуелна интеракција помеѓу две лица,оној кој го врши интервјуто и кандидатот. Ова е двонасочно интервју за комуникација, кое помага да се најде вистинскиот кандидат за слободната работна позиција.

Панел интервју – Панел интервју, го спроведуваат група луѓе. Во овој тип на интервју, три до пет членови на комисијата за избор ќе им поставуваат прашања на кандидатите за различни аспекти. Конечната одлука ќе ја донесат сите членови на панелот колективно.

Излезно интервју – Излезните интервјуа се спроведуваат за оние вработени кои сакаат да ја напуштат организацијата. Важноста на излезното интервју е да се открие зошто работникот сака да ја напушти својата работа.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...