Заврши хакатонот „NextBank“, реализиран во соработка со Економскиот факултет-Скопје 

од 24HR

40 студенти од повеќе различни факултети, работеа интензивно и креативно во тимови, водејќи се од визијата да креираат нови банкарски решенија – поинклузивни, подигитализирани и поодржливи.

Целиот настан се одвиваше во неверојатно инспиративна атмосфера – полна со ентузијазам, свежи идеи и креативна енергија која навистина носи надеж и мотивација.

Најдобрите решенија беа наградени, но она што останува како најголема добивка е токму директната соработка со овие млади и талентирани поединци. Тие се нашата иднина – носители на новата визија, свежата сила и креативноста која ја движи Банката напред.


„Овие иницијативи ни овозможуваат директен контакт со студентите – тие се нашиот најголем капитал. Горди сме што преку ‘NextBank’ поттикнуваме идеи кои имаат потенцијал за практична примена и вистинска трансформација на банкарското искуство.“ – Тони Стојановски, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...