Баланс помеѓу кариерата и приватниот живот има кога се чувствувате корисно и вредно и во двете полиња

од 24HR

Интервју со Елена Костовска – Talent Acquisition and Development Executive во компанијата SoPro.

Таа се смета за уште еден сонувач во светот на бизнисот. Го љуби тоа што го работи и го работи тоа што го љуби. Обожава животни и често е во потрага по нови брда за искачување, понекогаш со умот, но најчесто со точак. Професијата завзема значителен дел од нејзиното секојдневие, а таа целосно се пронаоѓа во неа – среќна што припаѓа во една продуктивна и стимулативна компаниска средина. Запознајте ја Елена Костовска – Talent Acquisition and Development Executive во компанијата SoPro и наш денешен соговорник во рубриката Љубов кон HR на 24HR.

Во HR индустријата сте веќе 6 години. Што е тоа што ве натера да се вљубите во човечките ресурси како професија?

Придонесот во нечиво позитивно себевреднување, почит и задоволство од работата. Веројатно сознанието дека секој ден можам да направам позитивна промена во нечив живот, да помогнам за нечив раст и развој, како и да допринесам за некој да се пројави професионално, на позиција која го/ја исполнува и прави среќен/а.

Работата е неизоставен дел од нашето секојдневие, и балансот меѓу професионална кариера и приватен живот многу полесно се постигнува кога се чувствува корисност и вредност и во двете полиња.

Од каде почнавте и како изгледаше вашата кариерна патека?

Моето прво официјално вработување беше во локален мини-маркет, каде поминав 6 години, и благодарание на ова искуство се здобив со работни навики. Секојдневниот контакт и комуникаицја со луѓе – потрошувачи, беше одлична припрема за да зачекорам професионално во полето на човечките ресурси како дел од тимот за регрутација во приватна агенција за посредување при вработување. Со позадина во психологија како високо образование лесно си го најдов своето место во HR светот.

Моментално работам како Talent Acquisition and Development Executive во SoPro, позиција која ме стимулира од различни аспекти и прави секој ден да бидам најдобрата верзија од себе си.

Кое е вашето најголемо HR достигнување?

Имало поголеми и помали проекти наназад годините, секој од нив резултирал со чувство на исполнетост и желба за продолжен раст и движење напред. Верувам дека конкретно професионално достигнување можеби допрва следува и секојдневните мали победи ме водат кон тоа. Секој сработен ден е достигнување за себе.

Што би им порачале на сите кои размислуваат за кариера во HR?

Доколку туѓата радост и задоволство значи радост и за вас, доколку професионалното исполнување на другите рефлектира со регенерирање на енергијата на крајот од вашиот ден, не размислувајте да се вложите себе си 300%, бидејќи она што се добива за возврат е од непроценлива вредност.

Што мислите за порталот 24HR?

Одлично место да се прочита од областа како и да се биде во тек со HR професионалци во Македонија 😊

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...

Оваа веб страна користи cookies.