Интервју со Ана Салтирова Давидовски – говорник на првиот Коучинг форум на Македонската асоцијација за човечки ресурси

од 24HR

Ана Салтирова Давидовски ќе биде уште еден говорник на првиот Коучинг форум на Македонската асоцијација за човечки ресурси кој ќе се одржува на 4ти и 5ти јуни 2021 година. Таа ќе зборува на темата „Self-coaching vs. Parenting” а за да ја следите нејзината презентација и презентациите на останатите HR професионалци потребно е да го пополните формуларот за регистрација на овој линк. Во меѓувреме, Ана во интервју за 24HR открива повеќе за темата родителување наспроти self-coaching.

Што е self-coaching?

Никој никогаш не направил план да биде во лоша врска, без работа, со финансиски долг…, тие работи може да се случат ако се нема план и ако се дозволи животот да не води, наместо ние да го водиме него. Self-coaching т.е. да си бидеме сами на себе коуч подразбира да си ги поставиме „тешките“ прашања и да направиме план за животот т.е. да ја преземеме одговорноста за сопствените постапки и резултати од истите.

Предуслов за тоа е да ја скенираме моменталната состојба каде точно сме, каква е состојбата во нашиот живот независно дали дел од таа слика е лошата врска, немањето работа, финансиски долг… од една страна и од друга страна да креираме јасна слика за тоа каде сакаме да бидеме. Да си дадеме јасен одговор на прашањето што сакам vs. што не сакам. Јазот од тоа каде сме и каде сакаме да бидеме ќе го пополниме со акциони чекори како скали кои ќе не носат кон посакуваната слика. Овие чекори е важно да бидат јасни, а големината да биде наштелувана на моменталните можности кои можат да бидат предизвикувачки, но да не бидат парализирачки.

Да се биде среќен и успешен е едноставно но не е лесно.

Најголемиот дел од луѓето посветуваат големо внимание и во детали планираат некое патување со образложение дека тоа е важно. Секако дека е важно патувањето но не помалку е важен и животот на кој што доколку му се посветиме и го водиме кон посакуваната слика за иднината нема да бидеме мотивирани толку често да сакаме да „избегаме“ од него во некое патување. Имањето јасен план по кој што ќе се оди е исто како кога имаме план за некое патување ни остава можност да бидеме флексибилни кога ќе се појават некои неочекувани интересни можности на патот.

Родителување, не сум го чула тој збор.

Да, не постои во македонскиот лексикон. Тоа е моја кованца која што ја користам кога сакам да кажам дека имаме одговорност сами кон себе за квалитетот на живот кој што го водиме. Кога бевме деца за нас се грижеа родителите/старателите и од позиција на најголема љубов од нивото на свесност на кое што биле влијаеле на тоа ние да бидеме тоа што сме денес. Но барем јас никако не мислев дека ќе треба да продолжам да си родителувам себе си доколку сакам да живеат среќен и успешен живот, секако согласно личните видувањата за истото. Не помислував дека независно што ми се јаде чоколада ќе си дадам себе си брокула, и покрај тоа што ми се спие сабајле ќе се поттикнам да станам во 05.30 да вежбам или независно што би отворила малку facebook/instagram ќе направам свесен избор книга. Овие избори за нас кога бевме деца ни помагаа или не потсетува да ги правиме родителите, сега кога сме доволно големи, а можеби и самите веќе сме родители одговорноста за истото треба да ја преземеме самите за себе т.е. да си родителуваме себе си за важните работи. Во спротивно несвесно можеме лесно да пристапиме кон лесните и достапни избори кои не секогаш се и добри. Парадоксот дека не секогаш лесното е добро ниту пак доброто е лесно, тука родителувањето си го наоѓа своето место. Во овој контекст мислам на родителување кое што не се води по принципите на 3-те „C“ споредување, жалење и критикување (compare, complain & criticize) туку од позиција на љубов, разбирање и поддршка следејќи го коучинг пристапот. Некогаш имам чувство дека поради тоа што е чест пристапот на 3-те „C“ споредување, жалење и критикување станува стандард. Да не паднеме во замката дека доколку нешто е често да го помешаме со добро, да ги преиспитаме претпоставките од кои тргнуваме посебно кога станува збор за важни личности како што сме ние самите и нашите деца. Коучинг пристапот во тој контекст е ризница и одлична поддршка да размислиме за сопственото размислување, тој дар ни е достапен само на нас луѓето, без тој дар ние не можеме да го ажурираме мозокот како би можел да не подржува на нашиот пат и ќе шетаме наоколу со застарени или позајмени размислувања.

Која е клучната поента на вашето излагање?

Она што сакам да остане со луѓето што ќе одвојат време да се дружиме и да растеме заедно се следните 3 клучни пораки:

  1. Родителувајте си себе си, бидете си родителот што од секогаш сте сакале да го имате, со многу љубов, разбирање и поддршка користејќи го коучинг пристапот.
  2. Родителувајте им на вашите деца од позиција на многу љубов, разбирање и поддршка, бидете пример кој ќе бидете среќни доколку го следат, затоа што покрај сите работи кои ги обезбедуваме за нашите деца, топол дом, облека, храна, играчки, одмор … ние на дар им го даваме и нашиот став кон животот, што според мене е клучот кон (не)среќен живот.
  3. Моето легаси (придонес) се моите деца. Дали сте помислиле на вашиот придонес на ваков начин? Сите луѓе кои со своето живеење оставиле белег на човештвото независно дали тоа е Мајка Тереза или Хитлер првично биле обликувани во своите семејства, голем дел од тоа што станеле директно влијание имало нивното прво гнездо – семејството. Од друга страна се наоѓаме во момент во кој нашата и генерацијата што доаѓа по нас ќе играат клучна улога за опстанокот на Земјата. Да ја поддржиме и поттикнеме новата генерација да биде барем за малку подобра од нас, посвесна од нас, да прави избори со повисоки цели кои вклучуваат добробит за сите страни vs. ситни интереси каде скриените трошоци кои се плаќаат се големи. Да си бидеме поддршка и пример за децата, а преку личен пример да ги учиме како проблемите се трансформираат во проекти на кои страсно се работи.

Тој/таа што сака да пее секогаш ќе најде песна, а тој/таа што не весла секогаш ќе најде време да го лула чамецот.

Личен избор се зборови кои ве одбележуваат, може ли малку повеќе да ни кажете за тоа?

Ова беше и за мене многу интересен увид, на една моја обука еден учесник сега веќе и драг пријател ми предочи дека многу често ја користам фразата Личен избор и дека тоа е мојот trade mark. Размислував за тоа, вистина длабоко во себе верувам дека сѐ е личен избор па ја покренав и кампањата ЛИЧЕН ИЗБОР која има за цел свесна промена на фокусот на мислата со јасна цел враќање на доброто расположение повторно во мода, во склоп на која ја пишувам и е-книгата „Како да станеме и останеме среќни родители“ до сега има 4 дела, во неа е вклучена иницијативата „Родители за родители“, како и детската интерактивна книга „Благодарам“ која има за цел внесување на благодарноста во животот на децата. Среќни и задоволни можеме да постигнеме многу повеќе и ова тврдење е потврдено со бројни истражувања, но немојте да ми верувате, проверете.

Се радувам на нашето заедничко дружење каде ќе можеме да ги продлабочиме овие теми.

Агендата за дводневниот настан можете да ја погледнете на следниов линк.

За учество на форумот можете да се регистрирате на следниов линк.

Доколку веднаш сакате да набавите Early Bird влезница за форумот, Ве замолуваме да го следите следниов линк.

0 коментар
2

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...