Во 2021 најтешко ќе биде да се пронајде DevOps, а платата веќе не е пресуден фактор

од 24HR

Четвртиот годишен извештај за девелопери од CodinGame откри дека DevOps позиците би можеле да бидат најтешки за пополнување во 2021 година.

Побарувачката за DevOps експерти вртоглаво се зголеми бидејќи организациите од сите големини се префрлија на далечинско работење во 2020 година, а дури 4 од 10 професионалци за човечки ресурси (43%) признаа дека ќе се соочат со потешкотии да пронајдат квалификувани DevOps инженери за нивните технолошки тимови.

Ова откритие на CodinGame ги стави DevOps професионалците над Back-end и Full-stack девелоперите како најтешки позиции за пополнување во 2021 година. По нив следуваат позициите IT Архитект, Софтвер девелопер / инженер, Data Scientist / Machine Learning специјалист и Front-end девелопер / инженер.

Токму затоа и приоритетот на HR професионалците во 2021 година ќе биде насочен кон подобрување на кандидатското искуство (55%), задржувањето на таленти (49%) и Employer Branding (43%).

На прашањето за методите на вработување, откриено е дека над половина (52%) од девелоперите регрутирани во 2020 година биде интервјуирани и вработени од далечина, бидејќи технолошките регрутери се свртеле кон виртуелни интервјуа.

Сепак, само 15% од девелоперите и еден од четири професионалци за човечки ресурси изјавиле дека преферираат ваков тип на интервјуа за во иднина.

Покрај тоа, студијата сугерира дека технолошките трендови за работа од дома би можеле да забават откако Ковид-19 ќе биде победен, со само 23% од девелоперите кои навеле дека повеќе сакаат да работат далечински со полно работно време.

Перспектива за работата во 2021 година

Кога CodinGame ги праша програмерите колку лесно ќе биде да се промени работното место во 2021 година, на скала од 1 до 10, нивото на доверба кај нив изнесуваше 7, што пак е исто како во 2020 година.

Што се однесува до програмските јазици, се покажа дека JavaScript сè уште е најбаран од регрутерите, а по него следат Java и Python. Шест од 10 (60%) работодавачи изјавиле дека имаат голема побарувачка за овие три јазици.

Исто така, се чини дека има поместување од програмерите со формални квалификации, со 80% од HR професионалците кои велат дека регрутирале програмери кои се самоуки и не научиле да кодираат на училиште или универзитет.

Скоро четвртина (24%) од работодавците, пак, рекоа дека редовно ангажираат програмери без формални квалификации за програмирање.

„Нашиот последен извештај за професијата девелопер го потенцира зголемувањето на виртуелното вработување во 2020 година и силната побарувачка за експерти за DevOps бидејќи бизнисите се прилагодени на работењето во cloud“, изјави Ауде Барал, ко-основач на CodinGame.

„Иако Ковид-19 воглавно стоеше зад оваа промена, ќе биде интересно да се види дали овие трендови продолжуваат и во 2021 година.

„Видовме и повеќе технолошки регрутери кои вработуваат програмери кои не ја следеле традиционалната академска рута. Дипломата за компјутерски науки веќе не е задолжителна доколку сакате кариера како програмер.

„Со богатството на ресурси преку интернет и офлајн, достапни за секого, кодерите од сите нивоа на техничка компетентност можат да ги подобрат своите програмерски вештини, отворајќи можности за работа во секторот за развој на технологија“.

Што е најважно за програмерите кога размислуваат за понуда за работа?

Програмерите сè уште ги бараат истите работи кога размислуваат дали да прифатат или одбијат понуда за вработување: технички предизвици, флексибилно работно време и конкурентна плата.

За над 20 проценти од програмерите факторот „технички предизвици и интересни проблеми за решавање“ е пресуден во одлуката за која компанија ќе работат. Флексибилното работно време и добрата рамнотежа помеѓу животот и работата е на второто место, а на трето место се наоѓа висината на платата.

Во однос на работата од дома, најдобрата опција за 43% од нив е кога можат неколку денови од работната недела да работат од дома. Дваесет и четири проценти од програмерите се за 100% работа од дома, а само 5% преферираат кога работата се извршува исклучително од канцеларија.

На прашањето „Што не им се допаѓа во процесто на регрутација?“ повеќе од половина од испитаниците (50,4%) одговориле дека тоа се ирелевантните понуди за работа од страна на регрутерите. На втора и трета позиција се наоѓаат „недостатокот на повратни информации по интервјуата“ и „ирелевантните технички прашања и тестови“.

За крај, и програмерите, но и HR професионалците, ги преферираат традиционалните face-to-face интервјуа како најдобар метод за меѓусебно спознавање.

Во студијата на CodinGame се опфатени 15.000 девелопери и 300 професионалци за човечки ресурси од целиот свет. Целосниот извештај може да го најдете тука.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...