Дали работните места во HR ќе бидат десеткувани во текот на следната деценија?

од 24HR

Вработените кои вршат високо структурирани административни задачи се изложени на најголем ризик од автоматизацијата и вештачката интелигенција.

До 2030 година, административните работни места – вклучително и позициите за поддршка на човечките ресурси – ќе бидат меѓу оние кои ќе претрпат силен удар од автоматизацијата и вештачката интелигенција. Понатака, останува на работодавците и креаторите на политики да осигураат дека работниците од пониските нивоа нема да станат „дигитални отпадници“, сугерира новиот извештај на консултантската компанија „Форестер“.

Се проценува дека први на удар ќе бидат канцелариските работни места кои се потпираат на рутински задачи бидејќи истите се најранливи на порастот на роботиката и паметниот софтвер кој наводно ќе може да ги реплицира истите тие задачи попрецизно и побрзо во споредба со луѓето.

Освен позициите во човечки ресурси, други улоги за кои се верува дека се во опасност од раселување се сметководители, книговодители и канцелариски или раководен персонал, а особено оние на координаторски позиции. Вкупно 58% од овие административни улоги се очекува да згаснат, велат од „Форестер“.

Така на пример, аналитичарите предвидуваат дека пазарот на труд во Австралија во следната деценија ќе се стесни за 11% како резултат на вештачката интелигенција и автоматизацијата, принудувајќи околу 1,5 милиони Австралијци да останат без работа.

„Вработените во финансии, сметководство и набавки кои вршат високо структурирани административни задачи се изложени на најголем ризик: автоматизацијата најверојатно ќе елиминира еден милион од тие работни места“, изјавија од „Форестер“, кои анализираа 391 занимање под мониторинг на Австралиското биро за статистика. Консултантската компанија го подели примерокот во 12 категории за автоматизација кои бараат слични вештини и активности.

„Како што автоматизацијата станува понапредна, некои работни места ќе бидат згаснати, а ќе се создадат и нови (1,7 милиони до 2030 година), додека неколку други ќе се трансформираат во gig економија. Работниците кои не можат или не сакаат да ја прифатат транзицијата, целосно ќе ја напуштат традиционалната работна сила“, велат аналитичарите.

Сепак, постојат и светли точки. Околу 1,2 милиони „меѓу-доменски работници базирани на знаење“ кои се специјализирани за планирање и стратегија, ќе останат безбедни од заканата за раселување благодарение на „различните вештини што им се потребни за нивните работни места, како што се идентификување на контекст и обработка на многу варијабилни инпути“. Што се однесува до самата HR професија, комуникациските вештини и емпатијата сè уште остануваат да бидат најбарани.

„Некои од најголемите предизвици со кои се соочуваат компаниите при прифаќањето на технологиите за автоматизација се однесуваат на културата и управувањето со промените“, рече Сем Хигинс, главен аналитичар во „Форестер“.

„Исклучително важно е креаторите на политиките и работодавците да научат како да го минимизираат бројот на дигитални отпадници со мерење на способноста на поединците и организациите да се прилагодат, да соработуваат со нив, да имаат доверба и да генерираат бизнис резултати од автоматизацијата, или во спротивно може да останат над еден милион австралиски работници заглавени зад следниот дигитален јаз“, вели тој.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...