ЕК: Компаниите со над 250 вработени ќе треба јавно да ги објават платите на вработените

од 24HR

Европската комисија има намера да воведе регулатива со која од поголемите компании ќе се бара да ги објавуваат платите на вработените мажи и жени со цел да се намали финансискиот јаз помеѓу половите.

Според најавите на странските медиуми, Брисел уште во четвртокот требаше да објави низа задолжителни мерки со цел намалување на нееднаквоста на платите во ЕУ и намалување на разликата во заработката која во 2018 изнесуваше 14.1 процент во корист на мажите.

Новата директива ќе бара од сите 27 земји членки на ЕУ да воведат построги правила за известување за плати во компаниите со повеќе од 250 вработени.

Исто така, сите вработени ќе имаат право да знаат колкава е платата на нивните колеги. Меѓу другите мерки, на компаниите ќе им биде забрането да прашуваат колку изнесувала претходната плата на кандидатот, а вработените исто така ќе имаат право на надомест во случај на дискриминација во финансиските примања.

Директивата се заснова на принципот „иста плата за иста работа“.

Земјите членки накнадно ќе треба да одлучат како да ги казнуваат компаниите во случај на непочитување на новата директива, а паричната казна е само една од опциите.

Предложениот пакет допрва треба да биде одобрен од мнозинството членки и Европскиот парламент, а истиот доаѓа во време кога има сè поголеми индикации дека пандемијата имала посилно негативно влијание врз жените, пред сè, затоа што тие се позастапени во најпогодените сектори како туризмот и угостителството.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...