Новата улога на човечките ресурси по пандемијата Ковид-19

од 24HR

Пишува Мине Алптекин – предавач на МЕФ и универзитетот Бахчешехир во Истанбул и консултант за човечки ресурси со 20-годишно искуство

Одговорностите на човечките ресурси имаат променлива улога за време и по пандемијата на Ковид-19: Да се поддржи брзата адаптација на целата компанија и вработените.

Во изминатиот период, целиот свет помина вознемирувачки и страшни денови плашејќи се од непознатото. Денес, иако располагаме со поголемо знаење од вчера, сепак, сè уште има многу работи што не ги знаеме.

Но, како што постои непознатото, на светот му се случуваат многу позитивни работи. На пример, луѓето можат да работат флексибилно / од дома на многу позиции за кои претходно се веруваше дека тоа е невозможно. Промената на нашите вообичаени навики на живеење веќе има значително позитивно влијание врз нивото на загадување во атмосферата и на нашата планета. Станавме повеќе „дигитално ориентирани“ од претходно.

Пандемијата „Ковид-19“ го идентификуваше клучот кој им беше потребен на вработените за да го одржат бизнисот и општеството во време на криза. Тие се паметни, тие го знаат проблемот и решението и тие им се потребни на нашите клиенти. Реструктуирањето на човечките ресурси треба да се префрли од неколку стратешки односи со високите лидери за да биде конектор за бизнисот, разбирајќи ја ситуацијата на секој слој, од првите редови до врвниот менаџмент. Тоа треба да обезбеди пополнување на празнините во комуникацијата или вештините на секое ниво и да создаде инклузивен кариерен и информациски тек.

Човечките ресурси треба да осигураат дека сите лидери ги имаат основните вештини за обучување и поврзување на луѓето со целта на бизнисот, нивните колеги и своите јаки страни. Потребно е да се создаде средина со растечки начин на размислување (Growth Mindset) каде што секој може да биде вклучен и да се развива.

За да се воспостави оваа освежена улога, човечките ресурси треба да имаат поголема флексибилност за справување со неизвесноста и промените. HR-ите треба да бидат храбри, предизвикувачки и да работат заедно на утврдување на професионални стандарди. Тие ќе треба да создадат подобри и поконзистентни системи во кои луѓето ќе можат да цветаат. Обликувањето на организациите, лидерите и обезбедувањето на најдобриот начин за работа е огромна одговороност за оние што работат во човечки ресурси.

 

За авторот:


Мине Алптекин е наш дописник од Истанбул, Турција со 20-годишно искуство во областа на човечките ресурси. Во моментов предава „Дигитални човечки ресурси“ на МЕФ и универзитетот Бахчешехир во Истанбул, а во исто време работи и како консултант за човечки ресурси. Мине смета дека човечките ресурси се неопходен сектор во секоја компанија. Особено во овој тежок период, улогата на човечките ресурси стана уште поважна. Поради ова, Мине ќе споделува предлози и идеи што ќе им помогнат на нашите читатели колку што е можно повеќе. Мине ќе пишува кратки статии со време за читање од 2 до 5 минути.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...