Улогата на Човечките ресурси во „новото нормално“ време

од 24HR

Пишува Гордана Медарска, специјалист за регрутација и обуки

Како што знаеме веќе живееме со „новото нормално“. За многу краток период целиот свет беше ставен на испит дали може да опстане, прилагоди и живее со новата состојба која не е предизвикана од нечија волја, грешка или намера туку едноставно од виша сила.

Оваа состојба освен од економски аспекти влијаеше и на човечкиот фактор. HR секторите заедно со своите вработени учеа да се справуваат со целокупната состојба и секојдневните промени.

HR имаа клучна улога во оваа состојба пред се да се грижат за безбедноста и здравјето на своите вработени, да го одржат менталното здравје на истите, да се стремат кон се поголема солидарност и да развиваат нови компаниски култури на разбирање и соработка.

Учевме како пред се ние да го живееме и надживееме стравот, да го одржиме моралот и да се соочиме со реалноста, а подоцна истото да го наметнеме и суптилно пренесеме на нашите вработени. Истотака бевме соочени со нови етички принципи кои дотогаш не ни беа познати.

Клучна точка во овој период беше брзата реакција, мораше да се делува и реагира брзо, да се ангажираат вработените, да се детектираат можни проблеми, да се изнајдат разни комуникациски канали, и да се преструктуираат организационите структури за да се достигнат резултати. Се најдовме во ситуација кога нашите домови едноставно се преуредија и станаа нашето работно место. Во ова време нема да сте HR ако не знаете и не можете да обезбедите емоционална подршка на вработените, а истовремено да го обезбедите континуитетот на работата и ефективностана на секој вработен.

Поврзаноста на HR со вработените е неизбежна нишка во оваа состојба. Ние мора да продолжиме да ги слушаме своите вработени и со емпатија да реагираме. Во состојба на страв и стрес еден од елементите кои даваат подршка и храброст е токму чувството дека некој го слуша твоето мислење и се грижи за тебе. Затоа ниту еден представник од човечки ресурси не смее да си дозволи да не го знае мислењето и струењата помеѓу вработените.

Постојаната променливост на состојбата на COVID-19 ги принудува компаниите да прават брзи промени во кои задолжително треба да се уклучени HR за да одржуваат постојана комуникација и информирање на вработените.Во човековата природа е да се чувствуваме многу по сигурни и стабилни само кога сме запознаени со противникот.

Кризата COVID -19 не научи сите нас на една нова состојба, на сосема поинакви практики и политики, кои сметам дека ќе имаат трајно влијание врз компаниите ширум светот.

COVID -19 разви еден нов правец во областа на човечките ресурси а тоа е агилноста.

 

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...