Култура на посветеност: Како до поангажирани вработени?

од 24HR

Колумна на Драгана Делова, регрутер и администратор за човечки ресурси во Indaver

Во мојата предходна колумна за 24HR, разговаравме за креирање на форми за проценка на успешноста и спроведување на истите, тука ставивме акцент на делот на проценка на ангажманот и работењето. Оваа проценка е задолжителна за секоја посериозна компанија како и една од причините за напредокот на секој вработен.

Од друга страна како фундаментална врска помеѓу вработените и организацијата е посветеноста и инклузивноста.

“Engaged Employee” is one who is fully absorbed by and enthusiastic about their work and so takes positive action to further the organization reputation and interests.

Но, прашањето на кое треба да одговориме е што компаниите треба да направат за да имаат попосветени работници? Некои веројатно ќе бидат збунети, но фактот е дека не можете да ангажирате посветен работник, можете само да создадете.

David MacLeod: “This is about how we create the conditions in which employees offer more of their capability and potential”.

Каде започнува и на што се темели посветеноста на еден вработен во компанијата во која работи?

Градење на доверба и интегритет што ќе доведе до двонасочна посветеност и комуникација помеѓу вработениот и работодавачот, започнува при самата регрутација и првиот контакт кој работодавачот го остварува со кандидатот, иден вработен.

Најдобар начин за градење доверба и посветеност е да се биде искрен од самиот почеток

  1. Описот на работната позиција да биде јасен, дефиниран, реален и точен;
  2. При регрутација,важно е кариерните цели и желбите за напредок на кандидатот се во согласност со позицијата и она што компанијата може да го понуди;
  3. При регрутација, апликантот мора да биде запознaен со процесот на регрутација и тоа како се одвива, а при тоа да е навремено известен за статусот на неговата апликацја.

Посветеност на почетокот на вработувањето

По одличната вест до кандидатот, дека тој/таа е избраниот/та, одделот за човечки ресурси е оној што најчесто ја презема иницијативата и одговорноста за пречек на новиот вработен и негово претставување пред тимот/организацијата/компанијата.

Посветеноста на HR менаџерот/одговорниот/ компанијата во првите денови на вработувањето и онбордингот се клучните патокази за посветеноста на работникот во иднина.

Едноставното добредојде со мал гест, како е-mail, подарок за добредојде или кој било од овие мали детали, може да им помогне на новите вработени да се чувствуваат поподготвени и повозбудени за почетокот на новото работно место. Ова ја поставува основата за поголема посветеност и ангажман во текот на целиот работен однос во компанијата.

Создавање на култура на посветеност во рамките на една компанија

Доколку се постигне, е најголема корист што може да ја има една организација.

Ако зборуваме за бенефитот кој може да го има една компанија од посветеноста на своите вработени, мора да се осврнеме кон целите кои ги има истата.

Сите организации имаат деловен план, збир на цели што треба да се постигнат. За да се допре и иницира посветеноста на вработените, тие цели мора да бидат споделени и поставени како заеднички. Секој човек има потреба и желба за светла перспектива, а споделувањето на целите на компанијата можат да бидат само поттик за работникот.

По добро завршената работа, на истите тие вработени им треба признание.

Секој вработен се чувствува добро по успешно завршениот проект, но не секој успешно завршен проект е признаен и забележан од работодавачите. Незабележаниот труд и работа на вработените најчесто резултира со чувство на неценетост, што е доста честа причина за заминување на работниците, дури и ако забележале значителен успех во постигнувањето на поставените цели на компанијата.

За крај, фокусот на компанијата кон остварување на целите мора да се насочи кон професионалниот развој на секој вработен. Вработените треба да напредуваат на секој можен начин и материјалните придобивки, неважно колку високи, понекогаш не се доволни за да се задржи работникот посветен и предан на работата.

Можностите за надоградба на знаењето, напредокот во кариерата и опциите за унапредување, се она што вработените го бараат. Имајќи ги тие опции во рамките на компанијата во која работат, се создава посветеноста и желба да се остане во истата.

За авторот:

Драгана Делова e HR професионалец со повеќе од 6 години работно искуство во доменот на човечките ресурси каде целосно се пронаоѓа. За себе вели дека е пресреќна што може да биде дел, да напредува и да ги искористи своите претходни искуства во повеќе HR процеси. Во моментов работи како регрутер и администратор за човечки ресурси во Indaver.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...