4 грешки кои не треба да ги правите како регрутер

од cedo

Да се биде регрутер не е воопшто лесна задача. На дневна основа треба да барате и регрутирате кандидати, да ги проверувате нивните биографии, да правите интервјуа и потоа да се обидете да го пронајдете вистинскиот човек за отворената позиција.

 

Без оглед на тоа колку многу се трудите во процесот на регрутација, доволно е да направите една мала грешка и целата работа да тргне наопаку, а поради тоа може да го загубите и најдобриот кандидат за вработување.

Токму затоа, освен тоа што треба да се креативни со стратегиите кои ги користат, регрутерите исто така треба да научат како да ги избегнуваат најнезгодните грешки во нивната работа. Еве некои од најчестите грешки кои можете да ги направите како регрутер:

Неинклузивен опис на работното место

Кандидатите не паѓаат повеќе на генерички и сувопарни описи на работата, туку бараат нешто што ќе го привлече нивното внимание. Употребата на недоволно добар опис на работното место може да ги „избрка“ добрите кандидати, па дури и да ја натера компанијата да вработи погрешни луѓе.

Затоа, потребно е регрутерите да бидат креативни со описот на работното место, а во него да се содржат сите информации за квалификациите и вештините што треба да ги поседува кандидатот, како и да даде информација за целите и културата на компанијата и како кандидатот би се вклопил во истата.

Запомнете дека описите на работните места и работните позиции се жива материја и се менуваат со текот на времето. Тоа што функционирало во минатото, не мора да значи дека ќе биде добро и денес.

Од таа причина, секогаш пред да објавите оглас за вработување, проверете дали називот на работното место и описот на работата се релевантни во сегашноста.

Несоодветно однесување за време на интервјуто

 

Професионалноста и точноста се задолжителни не само за кандидатот, туку и за интервјуерот. Некои регрутери „бркаат“ добри кандидати и го оштетуваат имиџот на компанијата со тоа што доцнат на интервјуто, не му даваат доволно време на кандидатот да одговори на сите прашања, го брзаат, не обрнуваат доволно внимание на разговорот или постојано им ѕвони телефонот за време на интервјуто. Дури и кандидатот да го помине интервјуто, по ваквото однесување постои голема шанса тој да ја одбие работата.

 

Непроверување на референците на кандидатот

Целта на секој регрутер е да привлече голем број на разновидни кандидати, меѓутоа освен нивните вештини и работно искуство, многу е важно да ги проверите нивните референци пред да ги ангажирате.

Еве на што треба да се фокусирате при проверка на нивните референци:

  1. Нивните претходни работни обврски, за да дознаете колку добро ќе ги извршуваат работните задачи на новото работно место;
  2. Нивните силни страни, за да дознаете што е тоа што можат да го стават на масата ако ја добијат работата и
  3. Нивните слаби страни. Иако повеќето референци не ги споменуваат слабостите на кандидатот, регрутерот може да обрне внимание на нивното двоумење или промена на тонот на гласот.

 

Недавање фидбек по завршувањето на интервјуто

Давањето фидбек по завршување на интервјуто и целокупниот процес е многу важно. Секој кандидат заслужува да добие повратна информација за својот статус, дури и ако не ја добие работата. Со тоа, регрутерот покажува дека го цени времето на кандидатот и остава добар впечаток што гарантира отворена врата во случај кандидатот да е добар за некоја друга работна позиција.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...