Тимот на KARIERA.mk денес го прославува својот 6ти роденден!
Нашата успешна приказна оваа година решивме да ја прикажеме преку графички прикази кои гласно говорат за нашиот труд и посветеност. KARIERA.mk е приказна за 6 годишен константен раст и развој кој секојдневно го препознаваат компаниите во државата и регионот.
Анализите покажуваат дека последните 2 години се најуспешниот период од нашето работење, тоа го заклучуваме по најголемиот број на склучени соработки со компании од државата и регионот кои ни ја дале довербата за објава на нивните слободни работни места токму на нашиот сервис.
Во графичкиот приказ подолу може да се забележи дека во однос на бројноста на огласите на нашиот сервис, единствено во 2020тата година бележиме пад на бројката на објавени огласи за врбаотување што е резултат на COVID кризата низ која поминаа сите светски и домашни компании. 2022рата е убедливо година во која бележиме најголема бројка на објавени огласи на нашиот сервис од нашето постоење.
На нашиот сервис во последниот период во секој момент може да се најдат преку 350 активни огласи категоризирани во 35 различни области и професии. KARIERA.mk е бренд кој е создаден да биде медијатор меѓу компаниите и физичките лица кои се во потрага по подобра иднина и кариеен развој и секојдневно работиме на нови методи за збогатување на нашите активности. Најголем број на активни огласи во моментот се од категоријата продажен персонал.
Во изминатите 6 години на нашиот сервис се зачленија скоро 160.000 корисници. Најголем број на новозачленети бележиме во првата година од нашето постоење, односно во период од 2016та до крајот на 2017та. Интересно е што токму оваа година, бројот на нови зачленувања на нашиот сервис е најблиску до бројот на зачленети во 2017тата година и се надеваме дека до крајот на оваа година ќе успееме да ја поминеме оваа одлична бројка.
На крајот, оваа анализа говори за тоа колку семејства со помош на KARIERA.mk ги подобриле условите во своите домови и го нашле својот пат кон подобра верзија од себе.
Во текот на овие 6 години, успеавме да склучиме соработки со повеќе од 5170 компании од земјата и регионот, што го сметаме за особен успех на нашата компанија. Особено сме горди што нашето портфолио е разнолично по обмен на компаниите и по нивните дејности и локација.
Исклучително сум среќна што нашата енергија ја препознаваат клиентите кои од ден на ден се се побројни и позадоволни. Во нашето портфолио на клиенти имаме од најмали семејни бизниси од малите градови во државата до најголемите странски инвестиции и фабрики. Нашата компаниска култура е на сите да им посветиме посебно внимание и да им дадеме одлична услуга која ќе помогне во збогатување на нивните тимови, вели Зорица Бужаровска Бошковска, генерален директор на KARIERA.mk
Како генерален директор на компанијата од особена важност ми е да ги следам анализите кои зборуваат за нашето движење кое е во постојан раст. Еден интересен факт е дека бројката на објавени огласи во 2020та и 2021ва е еднаква на бројот на огласи во 2022ра а ни преостануваат уште месец и половина до крајот на оваа календарска година. Друг интересен факт е тоа дека од вкупната бројка на зачленети корисници на нашиот сервис, поголемиот број на активни пребарувачи на работа се мажи.
За новата 2023та имаме голем број на планови и супер енергија со која сме сигурни дека ќе помогнеме како на компаниите така и на физичките лица кои се во потрага по ново работно место. Се радуваме на нашите успеси и внимателно чекориме кон нови проекти и достигнувања! Сите оние кои се во потрага по ново работно место ги покануваме да се зачленат на нашиот сервис а на компаниите кои имаат потреба од проширување на нивните тимови да не контактираат за соработка.
KARIERA.mk, 6 години посветена работа и љубов. Нека ни е среќен 6тиот роденден!
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.