93% од работодавците сакаат да ги видат овие меки вештини во кратката биографија

од 24HR

ZipRecruiter објави листа од 8 најбарани меки вештини во моментов!

Кога аплицирате за работа, постојат многу начини да ја оптимизирате вашата кратка биографија. Можете да проверите каде лежат приоритетите на работодавачот во однос на искуството и да се погрижите да нагласите што е тоа што е најважно за него.

Исто така, можете да ги вклучите сите ваши големи достигнувања како што е на пример, надминување на продажните цели, доколку работите продажба или некои врвни маркетинг кампањи доколку работите маркетинг.

Една група експерти за кариера за вештини велат дека од клучно значење е да се вклучат вашите меки вештини .

Огромно мнозинство – 93% од работодавците – велат дека „меките вештини играат клучна улога во нивната одлука за тоа кого сакаат да вработат“, рече Иан Сигел, ко-основач и извршен директор на ZipRecruiter, во неодамнешниот извештај на компанијата The Job Market Outlook for Cities.

Меките вештини вклучуваат широк спектар на способности. „Би рекла, генерално, комуникациските вештини се рангирами многу високо на таа листа во моментов со оглед на тоа што голем број од луѓето работат во многу различни ситуации, хибридни ситуации“, вели Кристин Кели, главен маркетинг директор во CareerBuilder.

ZipRecruiter објави некои од најбараните меки вештини на својата платформа. Еве ги врвните вештини на таа листа, вклучувајќи го и бројот на работни места на страницата што ја наведува вештината како услов.

  1. Комуникациски вештини (6.1 милиони)
  2. Услужување на клиенти (5.5 милиони)
  3. Закажување состаноци (5 милиони)
  4. Управување со време (3.6 милиони)
  5. Проект менаџмент (2.8 милиони)
  6. Аналитичко размислување (2.7 милиони)
  7. Способност за независно работење (2 милиони)
  8. Флексибилност (1.3 милиони)
0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...