Луѓе ≠ Ресурси

од 24HR

Биљана Талевска – People Expert во Squadron, одговорна за политика на вработување, кариерно советување, раст и развој во компанијата, вклучително за маркетинг стратегиите и градење на brand- awareness на истата.

“Сектор за луѓе”, составен од професионалци фокусирани на потребите на луѓето, наместо на позициите, како рамки во кои треба да функционираат вработените, кои повторно се луѓе – колку тоа едноставно звучи, но не и така мотивирачки како фамозното HR?! Напротив!

До која точка на прилагодување на потребите на вработените, ќе продолжиме да ги именуваме нив како ресурси, а ние, да дозволуваме да се поистоветуваме со сектор, наместо со професија?

Време е, кога популаризираното “ејч-ар” произлезено од “HR”, што не е ни именка, ни пак опис на професија, ќе го замениме со секторот што се однесува на луѓето.

Топката не е само кај работодавачите, каде главниот капитал се луѓето, па имаат потреба од вработување на професионалци што вистински ќе се погрижат компаниите да имаат стабилно постоење, па и раст. Моќта на трансформација на трендовите во овој сектор е во наши раце, вработените во тие сектори, од кои се очекува под една професија да покријат правни, социјални, психолошки, консултантски и ред други услуги што навидум се чинат обратно-пропорционални на ИТ-услугите, па како нормално изгледа да се однесуваат на една иста позиција, маскирана под превезот на “HR”.

И токму тука доаѓа демистификацијата на тоа кои сме ние, вработени во “Секторот за луѓе”? Психолози, социолози, економисти, правници, социолози, останати професии – сите со афинитети за работа со луѓе, но дали со вистински квалификации и компетенции?

Колку од нас добиваат едукација во компанијата во која започнуваат кариера, колку од компаниите пак, очекуваат практична примена на претходното соодветно образование, или истото е ирелевантно пред задачите што навидум изгледаат и како да не бараат особени вештини? Одговорите добро го знаеме, освен тие што скапо ги плаќаат, своевремено, според потребите за постоење и раст на компанијата и визијата што ја креирале, па дали истата е поставена на почеток, или структурата и хиерархијата се поагилни од нашите ега за доминација во еден сектор?

На крајот од денот, одговорноста е секогаш наша.

Одговорноста за умешната и правична селекција на еден кандидат меѓу стотици, стручноста при личносната евалуација соодветна на компаниската стратегија, умешноста за соодветна презентација на компанијата, работното место, работните услови, внимателноста при процесот на прилагодување на новиот вработен, процесот на следење и понатамошна евалуација и соодветната грижа на секојдневно ниво во однос на индивидуалните потреби на секој вработен, во содејство со тимот, како и со неговите приватни потреби, кои никогаш не смееме да ги занемариме! Затоа што нашата задача се луѓето, кои најмалку сакаат да бидат видени како ресурси.

Луѓето можат да ги создаваат и да ги трошат ресурсите, а другата страна е светот во кој не сакаме да живееме!

Луѓе во секторите за луѓе, “HR”секторот е мртов. Ние сме на потег!

За авторот:

Биљана Талевска – People Expert во Squadron, одговорна за политика на вработување, кариерно советување, раст и развој во компанијата, вклучително за маркетинг стратегиите и градење на brand- awareness на истата.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...