Во рамките на платформата #кариерабезбариера – Шпаркасе Банка организира Шпаркасе Академија – “Млад банкар” во периодот од декември 2023г. до март 2024г., за сите заинтересирани студенти од економски, организациски и сродни студии.
Програмата се состои од едукативен и компетитивен дел во кои учесниците ќе имаат можност да следат предавања и обуки од областа, но и тимски да се натпреваруваат меѓусебно со сопствени проекти, развиени за времетраење на Академијата, по што за најдобриот тим ќе следува награда!
Оваа академија има за цел да им понуди на младите едукативна настава, работа и усовршување во реална работна средина, односно можност за младите потенцијали да го искусат банкарското работење одблизу запознавајќи се со банката како финансиска институција.
Академијата млад банкар е спој на едукација и забава, надградба и усовршување, развивање на најразлични персонални вештини и градење на работна навика.
Во самата академија не се осврнуваме само на банкарското работење, туку оваа академија има дополнителна вредност и за самите учесници. Учесниците имаат можност одблизу да го искусат банкарското работење, а овозможува и предавања од банкари, професионалци во својата област. Па така, дел од темите кои се опфатени се: креирање CV, продажни техники и вештини, корпоративни комуникации, развој на производи, личен брендинг итн.
На оваа академија студентите ќе се запознаат со корпоративната култура на Банката како и сами да ги почувствуваат корпоративните вредности по кои се водат сите вработени во нашата Банка, а тоа се: доверба, партнерство, агилност, страст и извонредност, како и да бидат дел од организација која води стратегија за одржливост, каде во фокусот се квалитетот на живот, клиентите и вработените.
Нашата крајна цел е да им овозможиме на младите потенцијални кадри да го искусат професионалното работење низ интерактивна и реална програма која ќе им овозможи полесен пристап во светот на бизнисот и ќе ги подготви за пазарот на труд.
Учесниците ќе имаат можност да ги посетат деловните објекти на Банката, експозитурите, како и центарот за обука, каде и всушност во најголем дел ќе се одвива самата Академија, во кој покрај сала наменета за обуки имаме и симулирана експозитура, спој на теоретско и практично знаење.
Основен критериум за учество на академијата е да се биде студент на додипломски или постипломски студии, во завршна година од студирањето. Заклучно со 10.12.2023г. завршува периодот на аплицирање за кој е потребно да се достави последно ажурирано CV од страна на кандидатот на следната маил адреса MLhrsMAK@sparkasse.mk. Академијата е предвидено да започне со активности на крајот на декември. По завршување на апликациите, се врши избор на 16 кандидати кои ќе бидат повикани за учество во Академијата.
#ВерувајВоИднината
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.