Македонската асоцијација на искуство со клиенти и вработени (MACEX) со гордост ја најавува втората меѓународна конференција Firestarter24: Customer and Employee Experience која ќе се одржи на 30 мај во хотел DoubleTree by Hilton, Скопје.
Овогодинешната конференција Firestarter24 е поставена да поттикне дискусии, увиди и иновации во областа на искуството на клиентите и вработените, и претставува клучен настан наменет за сите професионалци за искуство на клиенти и искуство на вработени, претприемачи, извршни директори, комерцијални директори, маркетинг директори, професионалци и консултанти за човечки ресурси, и сите останати кои сакаат да ги применат новите трендови во креирањето и одржувањето на искуство на клиентите и на вработените
ВО ТЕК Е КАМПАЊАТА ЗА РАНА РЕГИСТРАЦИЈА FIRESTARTER 24 EARLY BIRD!
Firestarter 24 Early Bird на овогодинешните учесници им нуди исклучителна заштеда за учество на конференцијата и на Quintaum Excellence Gala: A Night of Recognition & Celebration. Не ја пропуштајте оваа можност да го обезбедите вашето место по намалена цена и да бидете дел од ова трансформативно искуство!
СПОНЗОРИ И ПОДДРЖУВАЧИ
До овој момент конференцијата е поддржана од: Реплек, Кола, Iute Credit, А1 Македонија, Sport Life, ВИТА Институт, Макстил, Croatia осигурување, Рамстор, DoubleTree by Hilton, 24hr.mk, Faktor.mk а наскоро ќе се придружат и други спонзори.
РАЗНОВИДНА ПОСТАВА НА ГОВОРНИЦИ И ПАНЕЛИСТИ
MACEX со задоволство го открива изборот на овогодинешните истакнати говорници:
Темите на предавачите и деталната агенда за настанот е достапна на следниот линк.
Во рамки на двете панел-дискусии меѓу панелистите се:
Firestarter24 ветува дека ќе биде динамична платформа за учење, вмрежување и соработка. Резервирајте го вашето место денес и искористете ја понудата Firestarter24 Early Bird.
За повеќе информации и за регистрација, посетете го сајтот https://macex.mk/firestarter-conference/ или контактирајте преку е-пошта contact@macex.mk
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.