Живот воден од вредности:Патот до хармонија

од 24HR

Колумна на Викторија Јордановска основач и мастер тренер во Vienna International Academy of NLP (VIANLP)

За да напредуваме и да водиме исполнет живот, верувам дека треба да ја негуваме најважната врска во нашиот живот – онаа што ја имаме со себе! Затоа, мојата намера овде е да споделувам со вас работи, што се надевам дека ќе ви бидат корисни и ќе ве водат на вашето патување кон креирање на љубовен однос со себе и со другите, со цел да изградите живот што го посакувате.

Повторно дојде тој период од годината… време кога планираме одмори, топлотни бранови, испотени маички, шарени летни фустани, апостолки, коктели… и месецот кога се враќам во  Меѓународната агенција за атомска енергија (#IAEA) за најголемиот настан во годината, 68та Генерална конференција.

Да почнеме…

Пред многу години, за време на мојата обука за NLP Master Practitioner, имав коучинг сесија со мојата менторка Dr. Joke Land. Се сеќавам дека во тоа време се чувствував заглавенo, исцеденo и не чувствував никакво задоволство и мотивација од мојата работа. Токму тоа беше причината да побарам помош од коуч. Направивме една вежба заедно, која подоцна ја научив за време на мојата коучинг сертификација, преку која ги открив моите основни лични вредности во областа на работата во мојот живот.

Ова ново знаење ми ја отвори перспективата за тоа како овие работи наречени „вредности“ го обликуваат мојот живот. Откако станав свесна за моите 5 основни лични вредности, веднаш ми стана јасно зошто не бев задоволна и мотивирана на работа. Не само тоа, туку оваа нова свест ми помогна да имплементирам промени во моето однесување и околината на начин на кој почнав да ги задоволувам моите основни вредности. Ова, пак, ми донесе неверојатно чувство на конгруентност (усогласување на внатрешниот свет и надворешното однесување) … и за чудо, ми се вратија мотивацијата и задоволството.

Оттогаш имам направено стотици вакви сесии со клиенти, пријатели, партнери, со цел да им помогнам да станат свесни за нивните несвесни лични вредности. Интересно е што секој пат го добивам истиот коментар: „леле, не бев свесен/на дека ова ми е толку важно и колку големо влијание имаат моите вредности врз мојот живот!

А сега, ајде да нурнеме подлабоко…

Разбирањето на личните вредности значи разбирање на човечкото однесување.

Личните вредности играат клучна улога во обликувањето на нашите животи, обезбедувајќи чувство за насока и цел. Тие ни помагаат да одредиме што ни е важно; што е добро, а што лошо, правилно или погрешно, и влијаат на нашите цели, приоритети и избори. На пример, личноста која високо го вреднува интегритетот ќе даде приоритет на искреност и транспарентност во своите интеракции, додека некој кој високо ја вреднува авантурата ќе приоритизира нови искуства и предизвици.

Истражувањата покажуваат дека поединците кои имаат јасно разбирање за нивните лични вредности имаат тенденција да чувствуваат повисоки нивоа на психолошка благосостојба. Студијата на Сагив и Шварц (2000) покажува дека:

усогласеноста на вредностите, или усогласувањето помеѓу личните вредности и однесувањето, е поврзано со поголемо задоволство од животот и целосна благосостојба. Ова усогласување им овозможува на поединците да живеат автентично и да искусат чувство на кохерентност и стабилност во нивните животи.

Но, што се вредности?

Вредностите се нашите внатрешни критериуми, или оние работи во нашиот живот кои ни се навистина важни. Тие ја формираат основата врз база на која носиме одлуки и го контролираме нашето однесување.  Како длабоки несвесни мотиватори, тие не’ движат поблиску кон, или подалеку од одредени работи и ситуации.  Вредностите ја обезбедуваат основната мотивирачка сила зад нашите постапки и затоа имаат огромно влијание врз нашите резултати. Тие не мотивираат да го правиме она што го правиме. Многу луѓе обично не знаат што ги мотивира на свесно ниво – тие само чувствуваат дали се мотивирани или не.

Сега, замислете да го имате ова знаење и што може тоа да направи за вас?

Кога вашите постапки се усогласени со вашите вредности, доживувате подлабоко чувство на задоволство и мотивација.

Вредностите се и наш внатрешен критериум за проценка на себе, нашето однесување и светот околу нас.  Дали сме добри или лоши, дали некој или нешто е пожелно или непожелно, вредно или не? Тие се несвесни филтри кои ја обликуваат нашата субјективна реалност. Генерализации на високо ниво кои опишуваат што е важно за нас и како одлучуваме за тоа како се чувствуваме.  Затоа,

вредностите делуваат како компас кој ни помага да останеме на вистинскиот пат и да се фокусираме на најважните работи во нашите животи.

Стекнуваме и развиваме вредности во нашиот стремеж да го разбереме светот. Па така, една вредност може да има различно значење за различни луѓе. Да речеме дека две личности го вреднуваат професионализмот – за едната тоа може да значи дека треба да остане до доцна на работа, а за другата може да значи дека треба да замине навреме во 17 часот. За некој успех може да биде да има голема куќа, за некој друг да има докторат. Не постои правилно или погрешно кога се во прашање вредностите, тие се она што се, различно за секој од нас. 

Вредностите се несвесни и се наследени од нашите родители, образованието, општеството или културата. Ги формираме на млада возраст и најчесто се стабилни во текот на животот. Значајни емотивни настани, како на пример болест, смрт на близок или развод, може да влијаат на промена на вредностите во подоцнежните години од животот, како што ќе видите во мојот пример. Значи, ние сме израснати со нашите вредности! Тие се номинализации (глаголи претворени во именки) и големи зборови околу кои има множества на верувања. За добијат практично значење, вредностите мора да се поврзат со нашите искуства преку верувањата. На пример, ако некој високо ја вреднува „слободата“, тој или таа може да има збир на верувања како: можам да правам што сакам, јас сум свој шеф, никој не може да ми каже што да правам итн. И така, вредностите им даваат насока на постапките, однесувањата и средината во која една личност живее и работи.

На пример, мојата најголема вредност во полето на работата беше достигнување. Знаејќи го ова, секогаш задачите ги делев на мали делови кои е лесно да се достигнат, па така креирав услови за задоволување на вредноста и постојано бев мотивирана. По ракот (значителен емотивен настан како овој може да ги размрда нашите вредности), се чувствував целосно немотивирана да работам. Ги испробав сите „трикови“ кои ги знам за задоволување на мојата вредност на достигнување, од креирање на мали задачи, до наградување на себе по завршена задача и слично, но мотивацијата за работа сè уште беше во минус. Ништо не функционираше.

Знаејќи го она што го знам, ми беше јасно дека нешто е променето во хиерархијата на моите вредности. Во тоа време, со две колешки работевме на курсот The Self-Coaching, и ја замолив Ана, исто така НЛП тренер и коуч како мене, да ми помогне да дознаам што се случило со моите вредности. Она што го дознав е дека мојата највлијателна вредност на полето на работа се променила, и не е веќе достигнување, туку е поврзаност. Затоа не бев мотивирана; бидејќи цело време задоволував вредност која повеќе не ми беше толку важна. Така, почнав да се поврзувам со луѓето правејќи заеднички проекти, создавање партнерства, присуствував на разни настани и, voila, мојата мотивација се врати! Како што почнав да ја задоволувам вредноста, така почнав како награда за возврат да се чувствувам мотивирано. Токму во овој период ја создадов и развив една од моите најдраги обуки – НЛП Практичар, во која се преплетуваат класичниот и новиот код на НЛП – едно поинакво искуство и трансформативно длабоко нуркање во вашата сопствена структура, со цел да ви помогне да создадете живот што го сакате, во хармонија со вашите вредности.

Изгледаат горди на себе, нели? Приклучете се на обуката НЛП Практичар и дознајте зошто.

Одиме понатаму,

Неколку соопштенија:

Бидејќи споменав погоре, еве ги информациите за двете групи на НЛП Практичари за сезоната 2023/24:

  • Виена, Модул 1 се одржува викендот од 27-29 септември 2023 година. Доколку сакате да ја следите програмата на англиски јазик, можете да се приклучите во живо или онлајн.
  • Скопје, Модул 1 ќе се одржи викендот од 4 до 6 Октомври 2023, во Лабораториум.

Добрите вести се што можете да одлучите да го посетите само првиот Модул и така имате можност да вкусите дали НЛП е за вас. Она што ќе научите се основите на влијателната комуникација. Потоа, ако сте како некои луѓе, можеби ќе ви се допадне и ќе сакате да продолжите со целата програма. На вас е да одлучите, секогаш имате избор.

Доколку сакате да дознаете повеќе пред да донесете одлука, приклучете се на онлајн инфо сесијата на англиски јазик, каде ќе одговорам на сите ваши прашања. На 25 јули во 18 часот. Можете да се регистрирате овде, ве очекува посебно изненадување.

Проверете ја програмата и понудата за рана регистрација или обратете ни се и ќе создадеме шема за плаќање прилагодена на вашите потреби.

2. Можеби веќе знаете дека сум ментор и волонтер во Професионалната женска мрежа PWN Vienna. Апликациите за Менторската програма, која е скапоцен камен на нашата мрежа, се веќе отворени и можете да аплицирате за ментор или да бидете менторирани. Ако го направите тоа до крајот на август, ќе имате можност да се придружите на работилница со мене на тема: „Внатрешен глас, надворешна сила: Трансформирање на негативниот внатрешен говор“

3. Многу сум горда што успешно ја завршивме програмата Women of Impact Leadership Programme (Лидерска програма за жени со влијание) со фантастичната прва група жени од владиниот, невладиниот и академскиот сектор. Поради големата побарувачка, програмата ќе ја отвориме за широката јавност во ноември, па доколку сте заинтересирани запишани се на листата на чекање и први ќе дознаете кога ќе се отвори.

Фотографија од церемонијата за доделување на сертификати за програмата #WILP

Пред да завршиме,

Усогласеност меѓу личноста и организацијата

Многу луѓе работат на работи или во организации (компании) кои не ги одразуваат нивните лични вредности. Ова објаснува зошто има толкаво незадоволство, неангажираност и прегорување меѓу вработените во огромен број компании. Важно е да се нагласи дека усогласувањето помеѓу личните вредности и различните аспекти од животот, вклучително и работата, значително влијае на задоволството од животот и работата. Истражувањето на Кристоф и Браун сугерира дека усогласеноста меѓу личноста и организацијата, или компатибилноста помеѓу вредностите на поединецот и вредностите на нивното работно место, е силен индикатор за задоволството од и посветеноста на работата.

Кога поединците работат во средини што ги одразуваат нивните лични вредности, постои поголема веројатност тие да се чувствуваат ангажирани, мотивирани и задоволни од нивната работа. Спротивно на тоа, неусогласеноста помеѓу личните вредности и околината на работното место може да доведе до чувство на исклучување, незадоволство и исцрпеност. Затоа, наоѓањето работа или кариера што е усогласена со нечии лични вредности е од суштинско значење за постигнување на долгорочно задоволство од работата и севкупна благосостојба.

Сега е време за само-рефлексија.

Размислете за момент, како се чувствувате на работа во моментов?

Дали сте задоволни? Мотивирани? Ангажирани?

Дали работата ве исполнува или ве исцрпува?

Дали сте горди на својата работа?

Ако на повеќето прашања одговоривте со „да“, тогаш вашите вредности се задоволени со вашата тековна работа. Но, ако на неколку од нив одговоривте со „не“ или „можеби“, тогаш би било добро да ги дознаете вашите несвесни вредности на полето на работа. Постојат многу разни начини на интернет и многу водичи како да го направите тоа на свесно ниво.

Но, бидејќи нашите вредносни филтри се многу несвесни, ве канам да ги откриете преку коучинг сесија. Ќе стекнете знаење што ќе ви овозможи да започнете да живеете конгруентно, со интегритет и во согласност со вашите вредности. Верувајте ми, тоа е едно фантастично чувство!

За крај,

Мојата порака за месец јули е:

Создадете хармонија помеѓу она што сте и она што го правите 🖤

Сугестии за понатамошно читање:

An invitation to slow down – една од минатите едиции на њуслетерот соодветна за летниот период.

Logical levels in communication – видео од серијалот за извонредна комуникација

* Оригиналниот текст е објавен на Англиски јазик и можете да го прочитате на следниот линк: Values-Driven Life: The way to congru nence | LinkedIn

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...