Мајкрософт на практикантите ќе им понуди виртуелно искуство

од 24HR

Виртуелните пракси стана реалност во Мајкрософт, а првата група на практиканти пристигнува ова лето.

„Мајкрософт“ летово требаше да биде домаќин на повеќе од 4.000 студенти кои ќе беа дел од најголемата и најразновидната летна пракса во историјата на компанијата.

Но, поради пандемијата со COVID-19, технолошкиот гигант одлучи да го трансформира класичното практикантство во виртуелна програма за стажирање.

Компанијата ќе ги подготви идните практиканти со помош на најразлични онбординг алатки, вклучувајќи го Microsoft Dynamics 365, како и алатките за комуникација меѓу кои е и Microsoft Teams, изјави Кетлин Хоган, извршен потпретседател и одговорна за човечки ресурси во „Мајкрософт“.

Програмскиот тим ќе им помогне на практикантите да ги постигнат своите цели преку виртуелни настани што се фокусираат на градење врски и поттикнување на учење. Преку овие виртуелни настани, практикантите ќе имаат можност да научат од најголемите авторитети во компанијата.

Потоа, студентите ќе бидат охрабрени да го „ре-креираат своето летно исксутво“ преку споделување на разговори во стилот на TED Talks или со работа на индивидуални волонтерски проекти.

На студентите кои не можат да учествуваат во виртуелното стажирање компанијата им нуди можност својата пракса да ја одложат за следната година.

„Неволјата честопати создава некои од најголемите скокови во иновацијата, и јас предвидувам дека годинешната програма не само што ќе ни помогне да го оформиме нашето виртуелно искуство, тику ќе има и трајно влијание врз програмите за пракса во наредните години“, вели Хоган.

 

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...