Основачот на LinkedIn има одличен совет за сите што во моментов работат од дома

од 24HR

Џеф Вејнер е веќе подолго време поборник на планирање на т.н. тампон-време за да се постигне максимална продуктивност на работното место. Тој на својот профил на LinkedIn сподели како секој од нас може да го искористи тоа и да биде поефикасен во своите работни задачи, особено сега кога сите работиме од дома.

Како извршен директор на LinkedIn, Џеф Вејнер има единствен увид во тоа како деловниот свет полека се транформира поради пандемијата со COVID-19.

Тој веќе подолго време користи стратегија на т.н. тампон-време која му помага поефикасно да го испланира својот ден и да ги заврши сите работни задачи на време. Тоа во никој случај не значи повеќе работа туку само подобра организација на работното време – нешто што му недостига на секој од нас кој во моментов работи од дома.

Па, што е тампон-време и како тоа може да ви користи на вас?

Тампон-време е временски интервал во вашиот распоред кој го разграничува времето помеѓу состаноците или останатите работни задачи кои бараат висока концентрација што ви овозможува да прочитате што се случува во вашата индустрија, да излезете на кратка прошетка или едноставно да размислувате.

Џеф Вејнер смета дека сега, кога секој од нас работи од дома, „слободното“ време помеѓу состаноци и други работни обврски е апсорбирано од грижата за децата, домашните обврски и многу други активности поради кои луѓето се приморани да скокаат од една на друга задача без одмор.

Ова, во комбинација со сета неизвесност која произлегува од здравствената и економската благосостојба, може да се одрази негативно на нашето здравје.

Токму затоа Џеф порачува дека секој од нас треба да испланира т.н. тампон-време кое ќе ни помогне да си ја повратиме енергијата, да направиме краток тренинг или да уживаме во некоја друга активност која ни помага да го релаксираме умот.

Според него, тоа не само што ќе ви користи лично вас, туку ќе имаат корист и сите луѓе кои сметаат на вас.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...