По успешната прва коучинг конференција која ја постави Македонија на мапата на современиот коучинг, оваа година следи уште помоќно, подлабоко и поинтерактивно издание – „The Heartbeat of Coaching“, втората меѓународна коучинг конференција што ќе се одржи на 21 мај 2026 во Скопје.
Овој настан претставува уникатна платформа која ги обединува водечките меѓународни и регионални експерти од областа на коучингот, лидерството и личниот развој, создавајќи простор каде знаењето не се пренесува туку се доживува. Дополнително, она што ја издвојува оваа конференција е нејзиниот фокус на реална примена и длабинска лична работа. Наместо класичен формат на слушање предавања, учесниците ќе имаат можност активно да се вклучат во процесот преку интерактивни работилници, директна комуникација со говорниците и вмрежување со професионалци од различни индустрии. Ова ја прави конференцијата не само место за учење, туку и простор каде се создаваат нови перспективи, партнерства и вистински трансформации кои продолжуваат и по завршувањето на настанот.
Во пресрет на конференцијата, разговараме со Марина Анчевска, системски мастер тренер и коуч, меѓународно сертифициран и акредитиран НЛП Мастер тренер, Системски коуч, јога учител и холистички терапевт за визијата зад овој настан, новите трендови и зошто токму оваа конференција може да биде пресвртница во личниот и професионалниот развој на секој учесник.
Минатата година ја поставивте првата коучинг конференција во Македонија како силен почеток. Што е она што ја прави втората конференција „The Heartbeat of Coaching“ поинаква и зошто токму сега е вистинскиот момент за неа?
Со првата конференција создадовме простор преку кој го подигнавме коучингот на едно повисоко ниво. Покажавме дека е навистина вреден, неопходен и значаен за постигнување на вистинска промена, раст и развој. Оваа година, пак, одиме чекор понапред. Тоа значи дека на 21 мај создаваме искуствено поле во она што навистина ги движи луѓето, релациите, лидерството, тимовите, процесите и одлуките. БЕЗ панел дискусии и БЕЗ пасивно слушање! Токму и тоа ја прави различна. Затоа што, коучингот не е PowerPoint презентација и предавања, туку пред се, е интерактивен и искуствен процес. Затоа, со втората коучинг “конференција”, која во вистинска смисла на зборот не е класична конференција, овозможуваме да се искуси коучингот за да поттикнеме лична, професионална и организациска трансформација. Бидејќи денес сите информации ни се лесно достапни, но доаѓа момент кога да се поседува само знаење, не е доволно; кога прашањето не е „што знам“, туку „што навистина гледам или сакам“; како да остварам подобра комуникација; која е мојата цел и како да ја остварам кога мојот труд, план и стратегија, не даваат резултати; од каде дејствувам, што ме поттикнува на овој чекор, одлука итн. Оваа конференција доаѓа токму во тој момент. Кога не е доволно да се има само когнитивни информации, знаење, туку подлабока свесност и поширока перцепција за нас самите и сето она што не опкружува и сме дел од него.

Оваа конференција носи силен меѓународен карактер и врвни имиња од индустријата. Што ќе значи тоа за учесниците и какво искуство можат да очекуваат што не може да се добие на класични обуки или семинари?
Токму така. Меѓународниот карактер на конференцијата придонесува и за проширување на нашата перцепција и продлабочување на коучинг искуството. Бидејќи, кога различни искуства, култури и пристапи се сретнуваат во едно поле, се случува неверојатна синергија, а понекогаш и нешто што не може да се испланира однапред. Од друга страна пак, се отвора еден нов начин на согледување на предизвиците и поттикнува развој. На 21 мај, тоа се пренесува преку прекрасна интерактивна и иксуствена програма од кои 5 се главни сесии и вкупно 8 паралелни работилници од кои секој учесник си избира по 4 работилници на кои ќе присуствува.
Разликата од класичните обуки, семинири и конференции, е во тоа што, учесниците ќе имаат можност да бидат дел од коучинг процесот, да го доживеат и искусат. Особено важно е да знаат учесниците, дека нема да има потреба да споделуваат јавно за предизвиците, секако доколку не сакаат. Коучинг техниките се навистина толку моќна алатка, што и без објаснување на предизвиците, кај секој учесник ќе поттикне развој и трансформација. Тоа може да биде преку увид на нешто што досега не било на свесно или когнитивно ниво. Потоа, можеби и ќе откријат дека ,,Прашањето никогаш не било прашањето”, туку сосема нешто друго било предизвикот. Ќе освестат што е тоа, што ги поттикнува одлуките што ги носат секојдневно, но и на кој начин да носат подобри одлуки итн. Кога нешто ќе се доживее искуствено, не останува како информација, туку станува дел од начинот на кој човек функционира. Токму и тоа го овозможува настанот и програмата, која е навистина неверојатна со различни теми и врвни предавачи. Секој кој сака повеќе да дознае може да не заследи на нашите социјални мрежи под називот: Coaching Conference MK, или пак, да најде на нашата официјална веб страна: https://coachingconference.mk/
Конференцијата се опишува како „искуствено доживување“, а не само настан. Што конкретно значи тоа, како изгледа трансформацијата што учесниците ќе ја почувствуваат за време на тој ден?
Кога велиме „искуствено доживување“, значи дека мислиме на нешто што не е само теорија и не останува само на ниво на размислување, разбирање, знаење, односно само на когнитивно ниво, пасивно да восприемаме информации. Туку, на активно учество на учесниците во целата програма. Секоја сесија е дизајнирана така што учесниците ќе влезат во коучинг процес преку прашања, вежби, интеракција. Наместо да зборуваме „како треба“, ќе истражуваме „што навистина се случува“, а воедно и ќе се стекнеме со практични и веднаш употребливи алатки.
Трансформацијата кај секого различно ќе се појави, секако во позитивен контекст, бидејќи секој учесник на сесиите ќе поаѓа од сопственото искуство, ситуации, предизвици. Но тоа што е најважно, е дека на истите ќе почнат да гледаат од еден сосема поинаков, нов агол и перцепција што директно влијае на секојдневниот живот и работа и одржлив развој. Воглавно, во однос на темите на сесиите и во зависност од изборот на работилниците, на лично, професионално или организациско ниво, коучинг конференцијата ќе поттикне трансформација за: поквалитетно донесување одлуки во услови на неизвесност и притисок; посвесно лидерство и поефикасна комуникација со тимови, клиенти и засегнати страни; подлабоко разбирање на тоа што го движи однесувањето, лично и организациско; веднаш применливи алатки и пристапи за донесување појасни, посигурни одлуки во сложени ситуации; поврзување со автентичноста, емоционална јасност и внатрешна усогласеност, итн. Ова е настан, во кој искуственото доживување и трансформацијата, се чуствува и доживува.

Коучингот денес сè повеќе се поврзува со лидерството. Колку е важно лидерите, HR професионалците и менаџерите да бидат дел од ваков настан и што ќе променат веднаш по неговото завршување?
Лидерите, HR професионалците и менаџерите секојдневно работат со луѓе, процеси, различни динамики и тимови, со одлуки што влијаат на цели системи во организациите, внатрешно, како и со надворешното опкружување. Но често, фокусот останува на алатки, стратегии и резултати, а не на тоа, што всушност ги создава тие резултати.
Коучинг конференцијата ја менува таа перспектива. Им дава можност да видат што стои зад однесувањето, конфликтите и одлуките во тие системи. Наместо да реагираат на ситуациите, почнуваат да ги разбираат. Кога лидерот почнува да гледа пошироко, не само индивидуи, туку обрасци на однесување, динамики, релации, тогаш се менува и начинот на кој води. Ги гледа работите што не се очигледни, го слуша и тоа што не е кажано и носи одлуки што не се само рационални, туку усогласени со целиот систем. Денес, многу важен е и личното однесување и носење одлуки во време на економска криза, притисоци и неизвесност. Исто така, да знаат како да бидат лидери без да кажат збор … Токму затоа е потребно да бидат дел од коучинг конференцијата. Промената кај сите кои ќе бидат дел од ова искуство, ќе се гледа во секојдневната практика, преку: начинот на водење разговор, поставување прашања, начинот на кој водат состаноци, носење одлуки, препознаваат што навистина се случува во тимот, управување и водење на тимови и процеси итн. И токму тоа е вредноста – применливост веднаш.

Во време кога многу луѓе бараат брзи решенија и „готови формули“, вие зборувате за системски и холистички пристап. Зошто токму овој пристап е иднината на коучингот и развојот?
Брзите решенија даваат краткорочни резултати. „Готовите формули“, се најлесното решение, но не се секогаш соодветни или применливи за се и секого. Затоа често гледаме исти проблеми, исти предизвици, исти циклуси што се повторуваат, а развојот мал или пак и воопшто и го нема.
Од друга страна пак, со системско-холистичкиот пристап на коучинг се работи со коренот на предизвиците, а не само со видливи симптоми т.е појави или проблеми, а на индивидуата гледа пошироко во контекстот, во односите/ релациите, во невидливите динамики што влијаат на однесувањето итн. Притоа, опфаќајќи четири полиња: когнитивно, енергетско т.е. емотивно поле, поле на телото и поле на душата. Затоа што, вистинската промена не се случува само на едно поле – когнитивното, туку кога се интегрираат сите четири.

Што би им порачале на оние кои размислуваат дали да инвестираат во своето учество, што е тоа што реално ќе го добијат од оваа конференција?
Кога инвестираме време, енергија и ресурси во својот развој, всушност инвестираме во тоа кои стануваме.
„The Heartbeat of Coaching“ конференцијата го овозможува токму тоа: инвестиција во нашиот развој, а не во настан. Инвестираме во тоа
кои стануваме по завршување на конференцијата. Вредноста е во тоа што останува и се применува понатаму.
Ако треба со една порака да ги поканите сите што работат со луѓе, лидери, коучеви, менаџери, но и оние што се на пат на личен развој, зошто не смеат да го пропуштат „The Heartbeat of Coaching“?
„The Heartbeat of Coaching“ не е само обичен настан, а уште помалку класична конференција. 21 мај е ден, каде што се менува начинот на кој ги гледате работите, а со тоа, се менува и начинот на кој живеете и работите.
Затоа што начинот на кој размислуваме, комуницираме и носиме одлуки директно влијае на сè што градиме, лично и професионално. Но и начинот на кој ги разбирате луѓето, го одредува начинот на кој водите, комуницирате и носите одлуки. Овој настан отвора простор да се види тоа појасно, да се искуси лично и да поттикне развој.