HR-от е динамична професија која секојдневно носи нови знаења и искуства

од 24HR

Амбиција, пасија, конзистентност… ако сите овие особини ги најдеме кај една личност, дефинитивно зборуваме за Дарко Кермичиев. Своите први стапки во HR ги има направено во Америка за потоа да се врати во Македонија и да заплива најпрво во академските води, а потоа да продолжи да ја гради својата кариера во корпоративниот свет. Денес, тој е прв човек на одделот за човечки ресурси на ТГС (Технички гасови а.д. – Скопје) и во рубриката „Љубов кон HR“ ќе ни ја раскаже својата HR приказна.

Дарко Кермичиев веќе 8 години е Раководител на одделот за човечки ресурси во ТГС Технички гасови а.д. – Скопје. Со богато искуство позади себе, пред сè, работејќи во одделите за човечки ресурси на компании од калибарот на COSMOFON и ТАВ Македонија, Дарко целата своја кариера горе-долу ја има посветено на HR. Скромен кога го прашавме за своите достигнувања, фамилијарен и среќно оженет човек во приватниот живот. Разговараме со Дарко Кермичиев во рубриката „Љубов кон HR”.

Што е тоа што ве натера да се вљубите во HR како професија?

Искрено, не знам… најверојатно работата со луѓе. HR како професија е доста динамична и подложна на промени кои секојдневно носат ново знаење/искуство.

Еден од факторите кои што ме одржуваат во оваа професија е постојаниот предизвик на работното место, постојаното учење и надоградба, било тоа да е формална или неформална. Разни предизвици, разни начини на решавање на истите, можноста да се види крајниот резултат е нешто што ме одржува во работата.

Од каде почнавте и како изгледаше вашата кариерна патека?

Па релативно долга е мојата кариерна патека.

Со HR првично се сретнав по завршување на студиите во Америка, каде што останат да извршувам OPT (Optionaln Practice Training – односно пракса во Arthur Andersen – New York во одделот за човечки ресурси.

Таму останав една година и искрено имаше што да се научи. Тоа ми беа првите запознавања и првиот допир со човечките ресурси. По завршувањето на праксата од 1 година, се вратив во Македонија и веднаш продолжив на магистерски студии на University of Sheffield каде што завршив магистратура во областа на менаџментот.

По завршување на магистерските студии, се вработив, во тоа време, на ФОН – Факултет за општествени науки, како асистент. Мислам дека тогаш, 2003-2004 ФОН беше и првиот приватен универзитет во државата. На ФОН останав 2 години.

По ФОН се вработив во COSMOFON. Во COSMOFON останав подолг временски период. COSMOFON беше компанија во која човечките ресурси беа на највисоко и најпрофесионално можно ниво. Тоа беше компанија за која без нималку резерва може да се каже дека ги применуваше најпознатите и најдобрите светски искуства во областа на човечките ресурси. Таму апсолутно имаше што да се научи и од кого да се научи.

По COSMOFON заминав во ТАВ Македонија каде што останав 2 години.

Во моментов сум во ТГС Технички гасови а.д. – Скопје, која е дел од групацијата SOL. Во ТГС сум веќе 8 години.

Кое е вашето најголемо HR достигнување?

Мислам дека е малку неблагодарно да се бележат најголемите достигнувања. Она што за мене е достигнување за некој друг не е, така да не мислам дека треба да ги прикажуваме достигнувањата. Секој ден за себе е нов предизвик и ново достигнување и доволно ќе биде истото да го совладаме. Освојувањето на предизвиците креира едно големо достигнување, што значи нема најголемо достигнување per se.

Што би им порачале на сите кои размислуваат за кариера во човечки ресурси?

Дојдете, пробајте… интересно е.

Покрај образование, се што ви треба е желба за учење, отворен ум, многу трпение и светот е ваш…

Што мислите за порталот 24HR?

Супер освежување во интернет етерот, ако така може да се каже ?. Браво за идејата и реализацијата. Мислам дека вака побрзо, поедноставно и подобро ќе се запознаеме едни со други.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...