Дали луѓето што одат на годишен одмор имаат поголеми шанси за унапредување?

од 24HR

Одењето на одмор всушност може да ја зголеми веројатноста да добиете покачување или унапредување.

Познато е дека голем број од вработените ја ограничуваат својата среќа и успех со претпоставката дека одморот од работа ќе испрати негативна порака до нивниот менаџер и ќе го забави нивниот кариерен напредок. Но, едно истражување го покажа токму спротивното.

Одењето на одмор не само што не ве прави помалку вредни и мотивирани вработени, туку може да ја зголеми веројатноста да добиете покачување или да бидете унапредени.

Ова го покажа иницијативата на Здружението за патувања во САД насловена како Project: Time Off која имаше цел да открие како годишните одмори влијаат на компаниите и вработените. Нивната анализа покажа дека Американците користат помалку време за одмор отколку во кој било момент во последните четири децении.

Причината за тоа, според управниот директор на проектот, Гери Остер, е тоа што многу луѓе се плашат да земат одмор затоа што мислат дека тоа негативно ќе се одрази врз перцепцијата на нивниот менаџер за нив, иако тоа воопшто не е точно.

Ако на вас или на некој што го познавате му се потребни аргументи за да користи повеќе време за одмор, еве неколку причини зошто тоа има добра деловна смисла.

Користењето одмор ги зголемува шансите за покачување или унапредување

Според Project: Time Off, луѓето кои го користат целиот годишен одмор имаат за 6.5% поголеми шанси да добијат унапредување или покачување во споредба со луѓето на кои им преостануваат 11 или повеќе денови од од платеното отсуство од работа. Тој процент може да изгледа мал, но е целосно спротивен на идејата дека останувањето на работа може да значи и напредување.

Позитивен, ангажиран ум ги подобрува важните бизнис метрики

Едно друго истражување покажува дека кога мозокот може да размислува позитивно, продуктивноста се подобрува за 31%, продажбата се зголемува за 37%, а креативнсота и приходите може да се зголемат тројно. Но, за да бидете вистински ангажирани на работа, на вашиот мозок му се потребни периодични паузи за да добие свежа перспектива и енергија.

Но, не секој одмор влијае на ист начин. Може да се случи годишниот одмор да не доведе до никакво подобрување на нивото на енергија или среќа кај луѓето кога ќе се вратат на работа. Во овие случаи, факторот кој предизвикува негативно или неутрално влијание не е времето за одмор, туку стресот за време на патувањето.

Во една студија спроведена на 400 патници од целиот свет откриена е силна негативна корелација помеѓу стресот за време на патувањето и нивото на среќа. Сепак, авторите на студијата исто така открија дека 94% од одморите резултираат со повисоко ниво на среќа и енергија ако 1) испланирате еден месец однапред и ги подготвите вашите соработници за периодот кога сте надвор од канцеларија, 2) излезете надвор од вашиот град, 3) се запознаете со локален домаќин или друг упатен водич на локацијата и 4) однапред ги испланирате деталите за патувањето.

Овие „паметни“ одмори доведуваат до поголема среќа и енергија на работа, а со тоа и поголема продуктивност, интелигенција и отпорност.

Менаџерите ќе ве перцепираат како попродуктивна личност

Сознанијата од истражувањето на Здружението за патувања во САД покажуваат дека менаџерите ја поврзуваат личната среќа токму со продуктивноста. Всушност, на прашањето „Кој бенефит би ги мотивирал менаџерите да разговараат со своите вработени за користење на повеќе денови од годишниот одмор“ најважниот бенефит е зголемената лична среќа (31%), проследен со пораст на продуктивноста (21%). Зошто среќата победува? Бидејќи повеќето менаџери разбираат дека среќните вработени се попродуктивни и поколегијални вработени.

Некористењето на слободни денови е исто како доброволно да си ја намалувате заработката

Нема потреба од истражување за ова. Ако сте вработени на полно работно време и ако платениот одмор е дел од вашата компензација, во суштина прифаќате доброволно намалување на платата кога работите за време на деновите кои се предвидени за одмор. Четери од десет вработени велат дека не можат да ги дозволат одмор затоа што имаат премногу работа. Но, размислете за тоа на овој начин: Без разлика дали одмарате или не, повторно ќе имате многу работа. Животот има крај, а работата нема.

Затоа, започнете со планирање на вашиот следен одмор. Тоа е добро е за вас, но и за вашата кариера.

0 коментар
2

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...