Групацијата „Хедхантер“ (Headhunter), заедно со непрофитната организација Dignity Global и нејзината фондација People First, и со силна поддршка од Амбасадата на Холандија во Северна Македонија како дел од нејзината социјална одговорност го креираа и го спроведоа Индексот на еднаквост во вработувањето на лицата од ЛГБТИК заедницата.
„Хедхантер“, најголемата групација што работи во областите на човечки ресурси на Западен Балкан, исто така присутна во Кипар, Грција и САД, ве поканува да ја следите официјалната презентација на Индексот на еднаквост во вработувањето на лицата од ЛГБТИК заедницата. Индексот за прв пат е воведен во Северна Македонија и претставува систем за рангирање на компании кои ги штитат и поддржуваат правата и достоинството на барателите на работа и вработените од ЛГБТИК заедницата. Индексот ги наградува компаниите кои посветено ја практикуваат различноста на работното место. Индексот претставува и одлична можност за компаниите, барателите на работа и правните органи да ги промовираат најдобрите практики во секторот за вработување. Ова е можност да се обезбедат конкретни информации за едукацијата и подигањето на свеста против дискриминацијата на работното место.
People First е дел од светската невладина организација Dignity Global основана во 2019 година со седиште во Њујорк. Главниот фокус е ставен на еднаквите можности на сите ширум светот, без оглед на расата, возраста, полот, верските убедувања или културното потекло.
Основачот на Групацијата „Хедхантер“, господинот Елтон ИЛИРЈАНИ, во врска со овој Индекс рече: „Индексот го создадовме како начин на кој поконкретно ќе придонесеме кон подобрување на животот на граѓаните кои се дел од ЛГБТИК заедницата, воведувајќи го најпрвин во Албанија, а потоа и во Косово, Босна и Херцеговина и Северна Македонија. Со зајакнување на конкурентскиот дух во приватниот сектор, овој Индекс го создадовме за да ги наградиме компаниите за нивните напори да вклучат ЛГБТИК лица на работното место и да ги охрабриме компаниите, од година во година, да добиваат сè повисок рејтинг“.
Во истражувањето на Индексот беа вклучени 70 компании и организации од Северна Македонија, од голем број индустрии, кои изразија подготвеност да учествуваат во ова истражување.
Следејќи стандардизирани формат и методологија, вработените во Групацијата „Хедхантер“, во текот на интервјуата, прават верификација на спроведените политики и практики. Од 70-те компании учеснички, пет успеаја да освојат награди, и тоа: бронза, сребро и злато.
Анализата на наодите покажа дека политиките, различностите, практиките и програмите на работното место, воопшто, отсуствуваат во Северна Македонија. Дури и ако се присутни, генерално, не вклучуваат баратели на работа и вработени од ЛГБТИК заедницата. Компаниите немаат политики, практики и менаџери на човечки ресурси обучени во областа на различност на работното место.
Само да споменам неколку клучни наоди од студијата поврзани со неколку прашања: Дали компанијата има политика насочена против дискриминација и политика за еднакви можности за вработување што се однесува на сите вработени? 50% од компаниите наведоа дека моментално имаат политика за недискриминација и еднакви можности за сите вработени. Иако тоа претставува половина од компаниите учеснички, бидејќи ова прашање не се однесува конкретно на лицата од ЛГБТИК, туку за сите лица, тоа покажува дека сè уште има огромен простор за подобрување во градењето култура на недискриминација. Компаниите беа прашани дали политиката конкретно се однесува на ЛГБТИК и поврзаниот статус. ниту една од компаниите немаше политики што содржеа јазик поврзан со ЛГБТИК и поврзаниот статус, повторно истакнувајќи го фактот дека политиките за вработување сè уште не ги штитат барателите на работа и вработените од ЛГБТИК заедницата. Меѓутоа, позитивно е што 13% од компаниите споменуваат дека сите термини се вклучени во нивните политики, а само 6% од компаниите ги обучуваат своите менаџери на човечки ресурси или други директори за недискриминација и еднакви можности.
Земајќи ги предвид наодите, Групацијата „Хедхантер“ гледа голема потреба од обука за различноста на работното место за компаниите во Северна Македонија, како и за стандардизираните политики и практики што компаниите можат да ги приспособат и усвојат. „Според наодите на Индексот, не бевме изненадени од недостатокот на заложба во различноста на работното место“, вели основачот на „Хедхантер“, господин Елтон ИЛИРЈАНИ, „но со оглед на негативноста, гледаме единствена можност и интерес од компаниите за усвојување политики и обучување на нивниот персонал за ова прашање. Подготвени сме да им понудиме поддршка на компаниите, врз основа на нивната подготвеност, така што им ги ставаме на располагање нашите технички вештини.“
Групацијата „Хедхантер“ ќе ги прикаже резултатите од овој Индекс на 17 мај 2021 година на интернет-страницата на групацијата www.theheadhunter.com
Сите медиуми во земјата се поканети да го следат официјалниот извештај, каде за оваа година ќе бидат презентирани интересни резултати.
За повеќе информации за Индексот, посетете ја http://www.theheadhunter.com.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.