Програмата “Tech as a fuel for transformation”, пат кон иднината!

од 24HR

Во А1 веруваме дека со вистинскиот mind-set, технолошка писменост и ангажираност на вработените ја водиме целата наша работна сила кон дигиталната иднина. Горди сме што ја имплементиравме една од најважните и најголеми развојни програми „Tech as a Fuel for Transformation“, каде учествуваа 186 колеги, директори, раководители, менаџери и експерти од А1 Македонија и А1 Хрватска.

Денес повеќе од било кога во минатото, потребно е да истражуваме нови можности и начини каде и како може да го искористиме целосниот потенцијал на новите технологии за да ги трансформираме нашите процеси, производи, услуги и начини на работа.

Во А1 веруваме дека со вистинскиот mind-set, технолошка писменост и ангажираност на вработените ја водиме целата наша работна сила кон дигиталната иднина. Горди сме што ја имплементиравме една од најважните и најголеми развојни програми „Tech as a Fuel for Transformation“, каде учествуваа 186 колеги, директори, раководители, менаџери и експерти од А1 Македонија и А1 Хрватска.

Целта на програмата беше да се зголеми нивото на знаење на вештините потребни за иднината и на тој начин да се стимулира деловната трансформација преку идентификување на вистински примери (use-cases) со цел одржување на динамиката со новите технологии кои се во фокус во A1 и тоа: 5G, Data Analytics & AI, Digital & Growth Marketing. Учесниците го унапредија своето знаење за новите технологии, за нивните функционалности, работејќи на реални примери и нивна примена во пракса во телекомуникациската и други различни индустрии.

По завршување на едукативниот дел, учесниците номинираа вкупно 88 идеи / вистински примери (use-cases) за искористување на новите технологии во A1. По оваа фаза учесниците беа организирани во 30 тимови составени од колеги од различни оддели од двете земји кои работеа на подготовка на конкретен проектен план и одржаа презентации пред раководниот тим на A1 Македонија и А1 Хрватска.

Заедничкото 4-месечно патување за истражување на новите технологии беше поддржано и во соработка со COTRUGLI Business School и нашите интерни “tech” експерти т.н. „дигитални акцелератори“, кои учествуваа со нивниот врвен ангажман.

Останете љубопитни, следува изборот на проектите кои ќе бидат имплементирани во компанијата во наредниот период.

Ние сме подготвени за дигитална трансформација и развој, а вие?

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...