Дали професионалните титули се сè уште важни за современата работна сила?

од 24HR

Дали сметате дека вашето работно место е важен дел од вашиот идентитет?

Можеби сте директор за човечки ресурси или пак експерт за луѓе. На крајот од денот, дали сметате дека тоа е важно?

Некои луѓе ќе кажат „апсолутно“. За нив, титулата ја одредува вашата позиција во компанијата и може да биде важен сигнал за вашата мрежа и идни работодавци за тоа што е она што сте го направиле, кои се вашите вештини и компетенции и колку далеку сте стигнале.

Други мислат дека ставаме преголем акцент на професионалните титули. Тие би можеле да кажат дека титулите се дел од рестриктивни и старомодни култури кои се во спротивност со агилните работни средини кои се обидуваме да ги изградиме по Ковид-19.

И додека двете групи имаат свои аргументи кои го поддржуваат нивниот став, ајде да нурнеме во некои од нив за да видиме кој е во право.

Прво, ајде да анализираме зошто некои луѓе толку многу се грижат за својата професионална титула. Во многу случаи, тоа е личен избор. Запрашајте се и самите: „Дали мислам дека мојата професионална титула е важен дел од мојот идентитет?“.

И кога ќе размислиме подобро, одговорот на многумина ќе биде „да“. На мнозинството луѓе им се допаѓа кога другите знаат што сè имаат работено за да стигнат до моменталното ниво во нивната кариера, а ова особено се однесува на милениумците. Според една статија на Quartz чиј автор е Ариел Шур, професионалните титули се многу важни за оваа генерациска група.

Според Шур, постојат милениумци кои би прифатиле дури и намалување на годишната плата за 10.000 долари само за да се здобијат со поимпресивна титула.

Па зошто милениумците толку многу се грижат за тоа како ги нарекуваат? Шур сугерира дека тоа би можело да има врска со обликувањето на перцепцијата што другите ја имаат за нас, а за генерација која порасна во светот на Instagram и личен брендинг, ова изгледа како сосема разумен заклучок.

Иако тоа можеби не важи за некои од вас кои го читате ова, сепак некои луѓе гледаат на тоа како на паметен начин да се прескокнат неколку скали во нивната кариера – жртвувајќи малку сега за стекнување на идни придобивки. Всушност, вработените помлади од 34 години имаат поголема веројатност (72 проценти) да прифатат унапредување без покачување на платата, во споредба со нивните колеги на возраст поголема од 55 години (53 проценти).

Значи, јасно е дека некои поединци ги ценат професионалните титутли, но што е со луѓето задолжени за вработувања и планирање на работната сила? HRM анкетираше повеќе од 100 професионалци за човечки ресурси и откри дека 47% од нив веруваат дека професионалните титули се сè уште “многу важни“ наспроти 26% кои сметаат дека тие веќе не се релевантни.

Аргументите за задржување на професионалните титули се фокусирани на чувството за идентитет што тие можат да го обезбедат.

Од оние кои гласале против релевантноста на професионалните титули, едно лице смета дека работните титули премногу се разликуваат во различните индустрии, наведувајќи дека менаџерот во една организација може да има административна улога на прилично ниско ниво, додека во друга може да има клучна организациска улога.

Што  мислите вие? Дали професионалните титули припаѓаат на современото работно место?

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...