А1 Македонија објави успешен резултат на уште една група од својата уникатна практикантска програма A1 WayUp.
15 млади таленти од третата генерација на A1 WayUp за 2023/2024 година ја добија можноста својата кариера да ја градат во најатрактивните дигитални области: E-commerce/Digital Transformation, Data Science & Analytics, Infrastructure & Cloud, ICT Solutions и IT Systems & Technology.
Посветена на практично учење и стекнување вештини, програмата A1 WayUp уште еднаш ги надмина очекувањата. Она што ја издвојува е нејзиниот прецизен пристап кон менторирање на секој еден од учесниците во програмата, што значи целосна поддршка од менторите и тимовите на А1, како и бенефиции еднакви со сите вработени во компанијата во поглед на учење, раст и развој. Покрај работа на конкретни и иновативни проекти, практикантите имаат можност да се надоградуваат преку обуки за важни деловни вештини кои им се потребни во секојдневната работа.
“Во улога на ментор по втор пат како дел од програма А1 WayUp можам да кажам дека дефинитивно уживам во истата како дел од мојата работа. Следењето на прогресот на овие млади таленти навистина ми претставува задоволство, а квалитетот со кој што тие ги завршуваат задачите и придонесуваат за напредокот на проектите покажува дека мојата работа е исполнета и дека оваа програма е одлична можност за секој еден млад талент – истакна Елинда Стојанова Милошеска, Лидер за дигитална трансформација во А1 Македонија.
Успехот на практикантската програма A1 WayUp ја истакнува посветеност на А1 Македонија за негување таленти и културата на континуирано учење и развој. Додека ги славиме достигнувањата на нашите практиканти, ја потврдуваме нашата посветеност на обликувањето на посветла иднина за нашата компанија и за професионалците кои секојдневно растат и се надоградуваат.
А1 Македонија на сите кои се дел од програмата A1 WayUp им посака успех во понатамошниот развој на кариерата, многу нови знаења и успешни проекти. Со големо задовоство го најави продолжувањето програмата A1 WayUp и повикот за четвртата генерација кој наскоро ќе биде објавен.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.