Ефектот на расипано јаболко

од 24HR

Колумна на Биљана Талевска – одговорна за вработување и политика за кариерен развој на вработените во Squadron.

Парадоксално е, во време на достигнување на највисокиот напредок во организациите, ефектот на “расипано јаболко” да продолжи да одлучува за растот и развојот на истите, во време во кое фокусот на условите на работното место и пакетите придобивки за вработените ја достигнуваат својата експанзија и стануваат навидум пресудни за промена на работната средина.

Изговорот дека трендовите на миграција на профили на пазарот на трудот, особeно во ИТ секторот, не дозволуваат примарна персонална/психолошка пре-селекција над техничките компетенции на кандидатот – станува лизгаво скалило што ја носи организацијата на непланирано “место”и токсична средина од која најбрзо заминуваат најдобрите вработени.

Работодавачите пак, кои доста вложиле во своите организации и вработени, се исто така привидно, доволно свесни за оваа приказна, зошто најчесто и самите биле мотивирани да ги основаат своите компании излегувајќи од средини помалку пожелни за работа. Па, за тоа доста зборуваат и последните трендови за вработување на професионалци задолжени за процесот на вработување и селекција, иако реалноста покажува дека ефектот на “расипано” јаболко се повеќе е причина за зголемениот трансфер на вработени од една во друга компанија.

И зошто е тоа така?!

Затоа што, кога расипаните јаболка се луѓе, тие не изгледаат така, напротив, тие се јаболката што најдобро сјаат!

И најчесто, откако ќе ги прескокнат можеби не така добрите филтри на процесите на селекција – однесување кое исто така колерира со висока амбициозност, таквите сега веќе вработени продолжуваат со своите агенди на освојувачи навлегувајќи во дотогаш хармонизираната динамика на системот кој опстојувал. И понатаму веќе ја знаеме приказната …

95% од компаниите во светот признааваат дека еднаш годишно вработиле барем еден случај на “расипано јаболко”.

Начинот на справување обично велат дека е “вработувај бавно – отпуштај брзо”, но ако вториот дел се коси со трендот, потребата и културата во секторот, дали несанкционирањето на несоодветно однесување значи истовремено и поддршка во очите на добрите вработени?

За авторот:

Биљана Талевска е психолог, со искуство во ИТ пазарот и секторот за Човекови Ресурси. Сега е одговорна за вработување и политика за кариерен развој на вработените во компанијата Squadron во канцеларијата во Скопје, вклучително за маркетинг-стратегиите на истата.

0 коментар
4

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...