Employer Branding приказни: Како Unilever стана #1 работодавач во повеќе од 40 земји ширум светот?

од 24HR

Unilever е еден од најголемите глобални произведувачи на производи за широка потрошувачка чија цел е да го направи одржливиот начин на живеење секојдневие. Препознатлив е по Dove, Hellmann’s, Ben & Jerry’s и многу други познати брендови, но што е со брендот на Unilever како работодавач?

Unilever е компанија која обединува повеќе од 400 светски брендови и вработува над 155.000 луѓе во 100 земји ширум светот. Освен по својот квалитет, Unilever е препознатлив и како аспиративен работодавач кој за вработените е многу повеќе од само место за работа. Тоа го покажува и фактот дека Unilever е работодавач број еден во повеќе од 40 земји каде што има вработени. Веројатно се прашувате како му успеа на Unilever и која е нивната тајна за успех?

Прво и најважно, Unilever е компанија која се стреми да направи разлика. Се разбира, како и во секоја друга компанија, целта е да се остварат позитивни резултати и профит, но истовремено Unilever е силно посветен на идејата за создавање на подобар свет и заложбата вработените и сите други засегнати страни да бидат дел од ова патување.

Креирајте ја вашата стратегија за Employer Branding со VITA Institut!

„Вредностите и професионалната етика што произлегуваат од наследството кое го има Unilever е она што нè држи сплотени околу една повисока цел, но истовремено и нè разгалува. Тоа е култура која ве тера да се вклучите и да давате сè од себе секој ден. Во изминативе 20 години минав низ толку многу искуства и улоги, но сепак, ниту еднаш не почувствував замор или здодевност од тоа што го правам“, вели Анурада Раздан, заменик директор за човечки ресурси и директор за привлекување на таленти и бренд на работодавач во Unilever, која пред 20 години ѝ се приклучила на компанијата како стажант.

Одржливоста како дел од деловната стратегија

Уникатноста на Unilever е во тоа што одржливоста се наоѓа во срцето на деловната стратегија. Од начинот на кој се градат брендовите, па се до начинот на кој се одвиваат внатрешните бизнис процеси – сето тоа е дизајнирано да биде одржливо. За секоја работа постои јасен патоказ и цели кои треба да се следат во следните четири или пет години. Тоа е во срцето на сè што се прави во компанијата и секој што е дел од Unilever го знае тоа.

Денес, атрактивноста на компанијата како работодавач се наоѓа на рекордно високо ниво, а тоа го покажуваат најразличните истражувања кои компанијата редовно ги спроведува. Всушност, Unilever е работодавач број еден во повеќе од 40 пазари каде што компанијата има вработени.

Меѓутоа, да се вратиме назад. Како што се зголемува атрактивноста на Unilever како работодавач, така се појавуваат и првите посериозни предизвици. Канвасот на таленти не е веќе хомоген, а потребите за работна сила на компанијата стануваат различни во поодделните домени на бизнисот. One-size-fits-all пристапот станува неупотреблив.

Оттука, се јавува потреба за глобална стратегија за привлекување на таленти која ќе успее во еден свет полн со парадокси. Од една страна, имате вишок на таленти додека технологијата се обидува да ги замени луѓето, а во исто време, имате недостаток на таленти во области каде што сакате да инвестирате во вештини, без разлика дали станува збор за дигитален или директен маркетинг. Постои дихотомија на премногу малку и недоволно многу во исто време.

Раѓањето на Employer Branding стратегијата на Unilever

Од предизвиците во доменот на привлекување таленти произлезе и стратегијата за градење на бренд на работодавач. Unilever си постави цел да стане еден од најатрактивните работодавачи во светот кој постојано се менува. Но сето тоа не се постигнува со само една кампања или порака. Се разбира, постои основен EVP, но освен тоа, не можете да изградите еден глобален бренд на работодавач и да се потпирате на тоа. Битката за таленти се води и се освојува на секој одделен пазар и токму тоа е основата на стратегијата за бренд на работодавач на Unilever.

Постепено, компанијата го напушти пристапот  да се победи секаде и се насочи кон тоа дека треба да се победи само таму каде што е важно. Така, регрутерскиот маркетинг од конзистентен пристап се префрли на диференцијален пристап кој се менува во зависност од тоа кои се специфичните микросегменти каде компанијата ги гледа своите потенцијални вработени.

Повеќе не станува збор за една кампања од горе надолу и атрактивност која се комуницира преку каналите на компанијата. Едноставно, тоа повеќе не е единствениот извор на вистината. Талентите се насекаде околу нас и постојат разговори што не можеме да ги контролираме. Затоа, стратегијата за градење на бренд на работодавач треба да биде нешто што е во согласност со вистинското искуство на вработените. И, тоа не е надворешна стратегија, туку стратегија која се гради одвнатре.

Како изгледа новиот EVP?

Unilever е компанија која вистински се грижи да направи разлика, а тоа е и во суштината на нејзиниот бренд како работодавач и новиот EVP. Кога станувате дел од Unilever, тоа не е само вообичаена работа; вие се приклучувате на движење за создавање на подобар бизнис, подобар свет и подобра верзија од себеси. Вие сте многу повеќе од насловот на вашата работна позиција бидејќи создавате многу поголем импакт врз светот преку вашата секојдневна работа.

Во сржта на новиот EVP е дека во Unilever настануваат лидери кои подоцна продолжуваат да ги демонстрираат своите лидерски способности насекаде во светот. Новиот EVP е составен од четири клучни столбови:

Моќта на целта

Одржливоста е суштината на сè што се прави во Unilever. Моќта на целта е во срцето на искуството на вработените бидејќи тие се мотивирани да создадат позитивен импакт врз светот и бизнисот, со тоа што ќе ја трансформираат својата цел во акција. „Ова е многу повеќе од работно место – овде имате можност да направите разлика работејќи го тоа што го сакате“, е една од пораките кои редовно ги комуницира компанијата.

Биди катализатор

Во Unilever можете да бидете катализатор за промени во светот. Можете да ја ослободите вашата креативност, да нарушувате процеси и да го искористите вашиот пионерски дух за да направите работите да се случат.

Брилијантно различни заедно

Исто како и брендовите на компанијата кои се различни, но сепак се вклопуваат под заедничкиот чадор на Unilever, така и поединците, само со комбинација на своите разлики можат да ги постигнат најголемите од сите цели.

Оди подалеку

Ова не е само компанија, ова е место каде што можете да истрчате екстра милја, а кога ќе дадете повеќе, повеќе и ќе добиете.

Како Unilever го комуницира ова?

Лесно е да се излезе со некоја изјава или неколку зборови кои сите нас ќе успеат да не возбудат. Но, на крајот на денот, целта на Employer Branding стратегијата е да ни помогне да го добиеме вниманието на најдобрите таленти на пазарот, а потоа да им ја „продадеме“ приказната зошто е добро да работат во нашата организација. За да успее во тоа, Unilever распореди голем број на глобални и локални канали кои им помогнаа на кандидатите да добијат појасна слика за тоа што може да им го понуди компанијата.

Исто така, Unilever започна кампања наменета за зајакнување на свесноста за брендот под мотото „Ти си повеќе од твојата работна позиција“ која и овозможи на компанијата да ја нагласи важноста на првиот столб во новиот EVP, кој е можеби најсуштинскиот за брендот на компанијата како работодавач.

Примерот на Unilever ни покажа дека тајна формула за успешен бренд на работодавач не постои. Луѓето се тие што го градат брендот на работодавачот. Тоа се вашите вработени, вашите менаџери и вашите надворешни поддржувачи. Од друга страна, битката за талентите е реалност. Времињата кога компаниите одбираа кого ќе вработат се позади нас. Денес, кандидатите ја имаат таа привилегија да одберат компанија на која ќе сакаат да ѝ се приклучат.

Сето тоа ја наметнува потребата од Employer Branding. Само со правилна стратегија и автентична приказна која е добро спакувана и искомуницирана кон надворешниот свет бидете сигурни дека можете да ја добиете битката за талентите која со тек на време ќе станува сè потешка.

0 коментар
4

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...