Фокус на иднината – CrazyLabs подари електрични тротинети на вработените

од 24HR

Во модерната доба во која живееме, зелените иницијативи несомнено наидуваат на голема поддршка од многу страни, а воедно секогаш ги охрабруваат и инспирираат вработените да размислуваат катарзично, разгорувајќи им ја имагинацијата за начините за како можат да се чувствуваат како дел од глобалното решение за почиста животна средина

За таа цел, со единствен фокус на иднината, светската компанија за мобилни игри, CrazyLabs, којашто е водечки hyper-casual и casual развивач и издавач, (дел од Embracer Group), – на прагот од летото подари преку 60 електрични тротинети на своите вработени и го инсипирираште својот тим да се грижи за околината и вон работното време.

„Зелената иднина е просперитетна иднина, а сите потфати на нашата компанија секогаш ќе имаат удел во зачувувањето на животната средина, бидејќи на крајот од денот планетата Земја не познава граници и истата е единствениот дом, којшто го делиме сите скоро 7 милијарди луѓе во светот,“ велат од CrazyLabs во Македонија, потенцирајќи дека веруваат во хармонијата на околината и сакаат да живееат во друштво на природата.

Состојбата на животната средина зависи од тоа како луѓето се однесуваат кон природата и природните ресурси, а овoj одличен гест на CrazyLabs треба да биде пример и за останатите компании во нашата земја со цел зголемување на свеста дека колективните иницијативи дефинитивно влијаат врз индивидуалните навики.

CrazyLabs на почетокот на месец јули, ќе го претстави најголемиот летен настан, „Crazy Summer Festival“, во најзелената локација во главниот град, – Школка, во Градски Парк во Скопје. Настанот е наменет за љубителите на мобилни игри и за сите оние кои се расположени за одлична забава, а истиот ќе се оддржи во сабота, 2ри јули, со почеток од 17 до 22 часот

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...