сабота, јануари 10, 2026
Почетна HR МаркетингHR маркетингот станува суштински елемент за добро управување со човечките ресурси

HR маркетингот станува суштински елемент за добро управување со човечките ресурси

by 24HR

Ако работите во човечки ресурси, веројатно сте почнале да слушате за терминот HR маркетинг. Но, што значи тоа? И како можете да го имплементирате во вашиот процес на регрутација? Продолжете со читање за да дознаете за значењето на маркетингот во човечките ресурси и неговите најважни компоненти.

Во текот на изминатите неколку години, HR-от полека започна да се преклопува со маркетингот. Многу одделенија за човечки ресурси постигнаа успех со користење на алатки и стратегии кои се користат во маркетингот, создавајќи нова дисциплина наречена маркетинг за човечки ресурси.

HR маркетинг или маркетингот за човечки ресурси има за цел да создаде моќно и позитивно искуство на кандидатите. Ова се постигнува преку комбинација на содржина која е специфична за целната група (содржина за брендирање на работодавачот) и маркетинг стратегија за регрутација.

Овие две компоненти им овозможуваат на компаниите да градат и одржуваат односи со нивните кандидати, а со овој метод компаниите можат да допрат активните, но и пасивните кандидати и да ги „натоварат“ со позитивни вибрации во врска со нивната компанија. Секако, крајната цел е да се зглеми досегот на компанијата во рамките на посакуваната целна група.

Маркетингот за човечки ресурси се состои од четири важни компоненти:

Содржина

Како се перцепцира вашиот бренд на работодавач денес? Дајте им на вашите потенцијални кандидати автентичен увид во вашата компанија преку создавање на содржина која се заснова на интересите и барањата на вашата целна група и креирајте перцепција во главата на вашата целна група како атрактивен работодавач. Ова ќе го постигнете преку пласирање на вистинската содржина до вашата целна група.

Лидови

Која е веројатноста квалификуван кандидат кој воопшто не ја познава вашата компанија едноставно да аплицира на вашата веб страница за вработување? Шансите за тоа се многу мали. Веројатно знаете и сте имале искуство кога за некои позиции квалификувани кандидати едноставно е тешко да се пронајдат. Затоа, потпрете се на вашите извори за вработување, страницата за кариера и другите настани и собирајте контакти од потенцијални кандидати. Важно е веднаш да воспоставите врска со кандидатите со цел да можете да регрутирате брзо и лесно од вашиот сопствен „базен“ на таленти.

Канали

Активните и пасивните кандидати доаѓаат во контакт со вашата компанија преку различни канали и платформи. Благодарение на HR маркетингот, вие ги избирате каналите кои најдобро одговараат на вашата целна група. Затоа, компаниите мора да ги споредат различните канали и да оценат што е тоа што најмногу одговара на нивната целна група. Крајната цел е да се допре до вистинската целна група и да се убеди истата зошто таа компапнија е вистинското место за нивната кариера.

Аналитика

Аналитиката игра важна улога во разбирањето како маркетингот за човечки ресурси влијае на подобрување на квантитетот и квалитетот на апликации кои една компанија ќе ги добие на огласите за вработување. Само со соодветна аналитика и алатки за следење на резултати ќе добиете целосно сознание од каде доаѓаат вашите кандидати. Аналитиката, исто така, ќе ви покаже каде се губат вашите кандидати, а тоа ќе ви даде нови сознанија за тоа како да го подобрите кандидатското искуство. Исто така, ќе научите како да го намалите процентот на откажување и да го подобрите процентот на конверзија.

Останаете на 24HR бидејќи во продолжение следуваат нови статии поврзани со маркетингот за човечки ресурси.

Related Posts

Leave a Comment