Имате лош бренд како работодавач Што да направите за да го поправите

од 24HR

Во ред, зборувавме за тоа како да ја подигнете свеста за брендот преку маркетинг стратегии, меѓутоа, што доколку имате лош бренд? Свесни сме дека лошиот бренд ги одвраќа врвните таленти и сериозно влијае на процесот на регрутирање. Што да направите за да ја надминете негативната репутација?

Понекогаш, лошиот имиџ на вашата компанија може да нема никаква врска со човечките ресурси, иако тоа влијае на вработувањето. Секоја дамка на вашата репутација може да има негативен ефект врз регрутирањето, вклучувајќи погрешни чекори за услугите спрема клиентите, лоши одлуки за брендот на компанијата и грешки во рекламирањето. Верувајте, едно кратко онлајн видео може сосема негативно да ја промени перцепцијата на јавноста за вашата организација преку ноќ!

Откријте ги вистинските причини

Пред да започнете со стратегии за подобрување на имиџот, треба да сфатите што е тоа што довело до таква состојба. Затоа, поставете си ги следните прашања:

  • Дали сте имале некои лоши одлуки за вработувања?
  • Дали вашиот процес на вработување е тој што ве кочи?
  • Дали ги информирате кандидатите за наредните чекори и одлуките во процесот на вработување?
  • Дали описите на работните позиции не успеваат доволно добро да ја отсликаат компанијата?
  • Дали на вашиот вебсајт има разбирлив кариерен дел?
  • Каков глас ја „бие“ компанијата во јавноста?
  • Дали моменталните вработени се задоволни од условите за работа?
  • Дали нудите добри бенефиции и плати во споредба со конкуренцијата?

Стремете се кон најдоброто решение

Подолу во текстот ќе ви прикажам одредени проблеми и решенија кои можат да ви бидат корисни.

  1. Негативни критики од отпуштени вработени

Уф, нема полоша од критика од отпуштен вработен. Верувајте сите ваши слабости итоа како ќе бидат истакнати пред другите луѓе. Лошиот збор брзо се шири, особено кога вработениот имал лошо искуство.

Решение: Покажете почит при прекинот на работниот однос

Како да отпуштите вработен, а притоа да „не запалите некој мост“? Накратко, завршете го работниот однос со почит. Покажете му каде потфрлил и заблагодарете му се за она што го направил досега. Некогаш и најталентираниот кандидат може да не се пронајде во вашата средина.

  • Слабо медиумско и онлајн присуство

Пред да купите некој автомобил или мобилен телефон не би направиле истражување кој е најдобар? Нормално дека да. Така и паметните баратели на работa не се пријавуваат на некое работно место без притоа да направат детална анализа. Денес, кандидатите се многу поселективни за тоа каде аплицираат и имаат толку многу ресурси, особено онлајн, кои ги користат за да ги проценат идните работодавачи.

Решение: Постојано ажурирајте ја вашата веб страница и социјални мрежи

За да оставите позитивен прв впечаток на интернет, ажурирајте ги сите ваши онлајн канали со неодамнешни вести од компанијата, претстојни настани и фотографии или видеа од излегувања на вработените и компанијата. Што е најважно, споделувајте релевантна и интересна содржина која ќе им го задржи вниманието на читателите.

  • Негативни критики за вашите производи или услуги

Се запрашувате каква врска имаат критиките од клиентите со брендот на работодавачот? Накратко, вработените служат како лице на производот или услугата на компанијата. И ниту еден вработен не сака да претставува лош производ. Барателите на работа сакаат да работат за компанија и производ зад кои можат гордо да застанат. Производот или услугата што не се добри не само што лошо влијаат на брендот на компанијата, туку и го оштетуваат брендот на работодавачот.

Решение: Не ги игнорирајте лошите критики

Кога ќе се појави негативна критика (а најверојатно ќе се појави), не ја игнорирајте. Не дозволувајте лошите критики да ги убедат потенцијалните клиенти или кандидатите за работа да се одвратат од вашиот бренд и да преминат кај вашите конкуренти.

Со самото тоа што одвојувате време да одговорите на негативните критики, им покажувате и на клиентите и на оние кои бараат работа дека компанијата ги цени мислењата и предлозите на другите.

  • Негативно кандидатско искуство

Не може да се занемари ефектот што лошото искуство на кандидатот може да го има врз брендот на работодавачот на компанијата. Искуството на кандидатот со вашата компанија – од првичната апликација до самото интервју – може да ја донесе или да ја смени неговата одлука да се приклучи на вашиот тим.

Пред сè, оставањето на кандидатите во „темнина“ е честа појава кај компаниите. На сите им пречи ако не се известени за статусот и одлуката донесена по нивната апликација, што остава негативен впечаток за конкретниот работодавач.

Решение: Останете во контакт во текот на целиот процес на вработување

Информирајте ги кандидатите во текот на целиот процес, од моментот кога ќе пристигне нивната апликација до моментот кога ќе дојдете до конечна одлука. Отсуството на информации за подолг временски период или пак воопшто, може лошо да се одрази на брендот на работодавачот.

За крај

Негативната репутација на работодавач може скапо да ве чини во однос на тоа што би ви требало подолг временски период за привлекување на таленти, повисоки плати, повеќе финансиски средства за маркетинг активности и агресивни кампањи, итн. Доколку некои поранешни одлуки го предизвикале овој исход, обидете се најдете оптимално решение за брзо време. Фокусирајте се на она што ја прави вашата компанија одлично место за работа и како да пренесете позитивна порака во јавноста.

За авторот:

Стефани Неделкова е Специјалист за маркетинг и односи со јавност во Микросам. Во текот на својата 7 годишна кариера има и искуство во повеќе области на работење како Маркетинг и PR, HR специјалист и Data Protection Officer. И покрај тоа што е дипломиран правник, одбира кариера каде што може да ја изразува својата креативност

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...