Ако често одите на настани како што се конференции,работилници, веројатно сте почнале да забележувате дека на секој настан се појавуваат исти типови на луѓе.Една од главните причини за една конференција е вмрежување на луѓето.Некои типови уживате да ги запознаете, но други се обидувате да ги избегнете.
Прочитајте за да дознаете повеќе за различните личности со кои ќе се сретнете и како можете да се подготвите да комуницирате со нив.
Човекот што со сите се поздравува
Човекот што со сите се поздравува може да биде интересен да се запознае ,но по некое време може да биде и досаден.Тој е личност што всушност повеќето време од предавањето го троши за поздравување отколку на самото учество на конференцијата.Тој мисли дека негова задача е да ги поздрави сите присутни.
Осамениот
Осамениот човек многу лесно можете препознаете,тие се секогаш на страна и со нив тешко се разговара.Тие присутвуваат на конференцијата бидејќи нивниот шеф ги тера на тоа.Секогаш кога ќе се обидете да остварите некаква комуникација ќе бидете одбиени бидејќи сакаат само побрзо да заврши настанот.
Опашката на предавачот
Тоа е онаа личност која секогаш е во чекор со предавачот ,информиран е за сите негови присуства на разни конференции и секаде каде се движи предавачот таму е и тој.Тој раскажува наоколу ,колку е упатен во неговите предавања и колку го подржува во нековата мисија.
Човекот кои поставува неповрзани прашања
Овој тип е лесно да се забележи. Тие се типови кои сакаат да учествуваат во дискусијата на крајот од конференцијара и секогаш се истауваат со прашање меѓутоа прашањата се секогаш неповрзани со самата тема.Сакајќи да остават впечаток дека се информирани ,и дека се во тек со настаните.
Селфи кралица
Кралицата на селфито е особа која сака селфи со секој говорник, и покрај нивните набиени агенди секогаш успева да добие од сите по едно. По завршувањето на конференцијата,Social media ќе биде покриена со неколку објави “Коференцијата беше одлична секогаш го следам (предавачот) одличен е……
Професионалниот учесник
Професионалниот учесник присуствува на секоја конференција што некогаш била создадена. Професионалните присутни се искусни и секогаш спреми на конференцијата.Знаат како да се однесуваат ,знаат што точно е следно на конференцијата и зошто се дојдени.
Осамениот супермодел
На секоја конференција има барем еден учесник кој е беспрекорно облечен, брендиран стил,став на супермодел. Секогаш е мистерија што прави супермоделот на конференцијата за ХР практики.
Полнач на телефонот
Овој тип може да се дефинира и со самото име полнач на телефон, тој никогаш не го држи телефонот наполнет. Тој поминува 90% од конференцијата во ходникот, работејќи на својот лаптоп, додека телефон е трајно прикачен на единствениот достапен ѕиден штекер.
Знам се
Овој тип е стар професионалец во областа кој всушност знае за што зборуваат. Можеби премногу добро. Тие во душата се манипулатори. Тие трпеливо чекаат говорникот да се лизне и да нападне. Морам да ве исправам…….Тие се спремни да распалат на интернет колку говорникот не бил спремен …..
Фото натрапникот
Личност која ја има на сите слики.Но овој тип нема врска со желбата за фотографирање.Тој едноставно е фатен на сите слики во позадина,како разговара,како јаде,како пие кафе…..
Човекот што прашува
Овој лик секогаш сака да постави прашање и да се придружи во дискусијата,овој профил сака да остави впечаток на тоа дека е дојден бидејќи е доста навлезен во оваа област , дека се развива и дека внимава.И секогаш другите учесници ја опишуваат –Како се викаше девојата/момчето што цело време прашуваше
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.