Интервју со Ивана Кајеска и Емилија Стојановска – победничкиот тим во минатогодишната програма HR Starter 2022

од 24HR

Здраво Ивана и Емилија, најпрво претставете ни се и кажете ни нешто повеќе за себе?

          – Јас сум Ивана Кајеска, дипломиран психолог, во моментов вработена во Министерството за внатрешни работи, вљубеник во модерната психологија и голем HR ентузијаст.

          – Јас сум Емилија Стојановска, дипломиран економист, го продолжив моето студирање на мастер студии во областа на Менаџмент на Човечки Ресурси на универзитетот IU International University of Applied Sciences во Германија и работам како Интернационален Регрутер во people-s-place GmbH.

Што е HR Starter?

HR Starter е целосно бесплатна, интернационална програма, организирана од страна на HR World Adria, а е наменета за млади ентузијасти кои имаат желба да ја започнат својата кариера во светот на човечките ресурси или се на самиот почеток од истата. Се одвива во период од 6 недели, со едно предавање неделно, вкупно 36 предавања од врвни и искусни специјалисти за човечки ресурси ширум Европа. Во тој временски период учесниците ќе имаат можност да се запознаат со најклучните теми како: From basic to Modern HR, Recruitment and Selection, Employee Development, HR Data and Technology, HR Transformation and Future, Practical HR – Case studies. Ќе се запознаат и со модерните принципи на HR како Data – driven, Agile mindset, Mobility, Empowerment, кои ќе ги имплементираат во краен проект и тоа е навистина еден интересен предизвик.

Вие сте победничкиот тим во минатогодишната програма HR Starter 2022, па кажете ни како дознавте за истата и зошто се одлучивте да аплицирате?


  
        Емилија: За HR Starter дознав од Linkedin и веднаш кога ја видов агендата и темите кои ќе се разработуваат, без двоумење аплицирав. Навистина донесов добра одлука и сум среќна и горда што заедно со Ивана победивме со нашиот “Chocoverse” case-study и можам нескромно да кажам дека конкуренцијата беше огромна, со оглед дека бевме 200 ентузијасти / учесници од 10 земји од Балканот и дел од Европа. Интересно е што на крајот се одржа Global Meet Up каде беше прогласувањето на победничкиот тим и имавме можност да се запознаеме со голем дел од учесниците од останатите држави. Би сакала да напоменам дека може да аплицираат сите заинтересирани од оваа област. Нема ограничувања, единствен предуслов е добро познавање на англискиот јазик, бидејќи предавањата и презентациите се на англиски и секако желба за учење.

Како се одвиваа предавањата? Што е она што ви го задржа ентузијазмот во тие 6 недели?

          Ивана: Предавањата како што напомена Емилија, се одвиваа еднаш неделно, со претходно утврден термин и секоја недела беше опфатена посебна тема. Во текот на тој временски период, имавме и менторски состаноци. Навистина беа особено интересни, интерактивни, имавме можност добро да се запознаеме со сите учесници од Македонија, да научиме многу едни од други, да ја почувствуваме тимската работа и одговорностите. Менторите несебично го споделуваа своето знаење и буквално имаа одговор на секое наше прашање, па благодарение на нив, нашиот ентузијазам беше се поголем.

          Уште на самиот почеток, бевме поделени во 2 групи и секоја група имаше посебен task, каде сето научено го имплементиравме во финален проект кој го презентиравме во текот на последната недела. Интересно е што покрај live предавањата, секој учесник добива пристап до LMS платформата, каде има дополнителни лекции и ресурси за збогатување на сопственото знаење.

Можете ли да издвоите 5 работи кои се клучни за оваа програма?

1. Целосно бесплатна програма за човечки ресурси

2. Запознавање со сите HR области

3. Networking

4. Развивање на soft-skills

5. Сертификат за сите учесници кои успешно ќе ја завршат програмата и награда за победничкиот тим

Кои се бенефитите да се учествува во HR Starter?

          Покрај стекнувањето на знаење и развивање на вештини, учесниците ќе работат тимски, со поделени одговорности, но со заеднички brainstorming, ќе се соочат со deadlines и на крајот од програмата ќе бидат спремни за kick-start на нивната HR кариера.

          Познанствата пак, кои се случуваат во текот на оваа едукативна програма, дефинитивно се долготрајни и можат да бидат многу значајни за личниот и професионалниот живот. Ние двете се запознавме токму преку HR Starter и нашето познанство рапидно прерасна во пријателство кое дава чувство како да се познаваме целиот живот.

За крај, што би им препорачале на оние кои се уште се двоумат да аплицираат за учество во оваа програма?

          HR Starter 2023 е можност која не смее да се пропушти! Оние што ќе бидат дел од оваа програма, ќе имаат прилика да се стекнат со многу знаење, ќе развијат многу вештини, ќе запознаат огромен број на луѓе со кои веруваме дека ќе останат во контакт и по завршување на програмата, ќе имаат поголема можност за вработување, ќе знаат на што повеќе да се насочат. Навистина е еден одличен, интерактивен проект, професионално организиран, каде целиот фокус е ставен на едукацијата на учесниците. Го препорачуваме на секој HR ентузијаст.

Сите заинтересирани можат да аплицираат на следниов линк

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...