Неработни денови за 2023 година

од 24HR

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

· 01 јануари (недела), Нова Година, 02 јануари (понеделник) е неработен ден

· 07 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,

· 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

· 21 април (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,

· 01 мај (понеделник), Ден на трудот

· 24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,

· 02 август (среда), Ден на Републиката,

· 8 септември (петок), Ден на независноста,

· 11 октомври (среда), Ден на народното востание,

· 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба

· 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

· 06 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик,

· 19 јануари (четврток), Богојавление (Водици),

· 14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,

· 17 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,

· 2 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

· 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

· 10 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,

· 01 ноември (среда), Празникот на сите светци,

· 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

· 28 Јуни (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

· 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ

· 27 јануари (петок), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ

· 08 април (сабота), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ

· 23 мај (вторник), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

· 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

· 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

· 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...