Колумна на м-р Ана Салтирова Давидовски-Основач на Кампања @ЛиченИЗБОР https://linktr.ee/licenizbor, Автор, Член на УО на МАЧР, NLP Тренер и Coach, Тренер за личен развој
Зошто многу од нас се чувствуваат незадоволно и несреќно на своето работно место?
Среќата на работното место не е случајност – таа се гради. Како професионалец во областа на човечките ресурси, оваа тема со години ми е во фокусот. Преку работа со компании и предавања, сфатив дека луѓето често не знаат што точно недостасува за да бидат задоволни на работа.
Затоа ја креирав формулата В2С2:
- Видени – кога трудот се препознава и вреднува
- Вреднувани – кога добиваме признание за нашата работа
- Слушнати – кога нашите идеи и мислења имаат значење
- Сигурни – кога чувствуваме стабилност и доверба во работната средина т.е. чувство на психолошка сигурност.
Ако овие четири елементи недостасуваат, работното место станува извор на незадоволство и стрес. Истражувањата на Gallup за 2024 година го потврдуваат ова со алармантни бројки: само 23% од вработените се високо посветени, додека 62% се пасивно ангажирани и 15% активно непосветени, што значи дека негативно влијаат на средината. Во Европа ситуацијата е уште полоша – само 13% се ангажирани, а 72% пасивни, до целиот извештај можете да пристапите на следниот линкhttps://www.gallup.com/workplace/349484/state-of-the-global-workplace.aspx.
Оваа состојба ја чини глобалната економија милијарди долари. Во САД, на пример, непосветеноста на работното место ја чини економијата 9% од БДП. Замислете какви се бројките во Македонија!
Како можеме да ја подобриме среќата на работното место?
Среќата не доаѓа само од компанијата – таа зависи и од вработените. Не можеме одговорноста за благосостојба да ја ставиме само во рацете на работодавачот и да чекаме тој да ги направи среќни сите вработени, тоа е исто така одговорност и на вработените.
Еден од докажаните начини за подобрување на работната средина е културата на благодарност. Истражувањата покажуваат дека вработените кои редовно изразуваат благодарност имаат повисока мотивација, подобар однос со колегите и помал стрес. Затоа го создадодов предизвикот #Благодарам за компании – слободен 10-дневен предизвик кој им помага на тимовите, на компанијата да направат рестарт на размислувањето од негативно кон позитивно – како иглата на компасот што секогаш се насочува кон север, без разлика на пречките околу неа, така и компаниите можат да ја пренасочат својата култура кон позитивност, благодарност и ангажираност. Тоа не значи дека нема да има проблеми или дека се одлично функционира во компанијата тоа само значи дека аголот од којшто се гледа на работите ќе биде од позиција на унапредување и подобрување што создава силна слика за стабилноста и постојаната ориентација кон подобрување, без оглед на надворешните околности.
Што добиваат компаниите од #Благодарам Предизвикот?
- Подобрување на работната атмосфера преку свесен фокус на она што е добро и негување на благодарност за истото
- Поголема поврзаност меѓу вработените
- Намалување на стресот и подобрување на ангажираноста
- Откривање на потенцијални точки за подобрување.
Верувам дека истиот може да се искористи и како покана на вработените да го дадат своето видување за работната средина, па оттаму да се почне и со унапредување на истата.
Што по 10 дневниот предизвик?
Секако следен чекор е подлабинско снимање на состојбата кое може да се направи и со интерсни ресурси или со покана на надворешен познавач на проблематиката и потоа да се направи план за подобрување, бидејќи секоја компанија има свои специфични потреби.
Среќата на работа не е универзално решение – таа се гради според потребите на секој тим и секоја компанија.
НО секој тим/компанија има можност да избере – дали ќе се фокусира на проблемите или на можностите за подобрување?
Предизвикот #Благодарам за компании е еден мал, но моќен чекор кон позитивна работна култура. Започнете го денес и видете како благодарноста може да направи голема разлика во вашиот тим/компанија.
Дали вашата компанија е подготвена да ја ресетира компасната игла кон ангажираност и подобра работна средина? Започнете со #Благодарам!
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.