Челниците на „Мајкрософт“ одлучија да ги наградат вработените со бонус за преживеаната пандемиска година.
Бонус од 1.500 долари ќе добијат илјадници вработени на „Мајкрософт“ ширум светот како награда за издржливоста и посветеноста во изминатиот период за време на пандемијата на Ковид-19.
Право на бонус имаат повеќе од 130.000 вработени, се наведува во интерниот меморандум на компанијата.
Изземени од овој бонус ќе бидат само вработените во филијалите на „Мајкрософт“, како што се LinkedIn, GitHub и ZeniMax.
Многу други компании имаат сличен пристап кон вработените за време на пандемијата на коронавирусот.
Ланецот на маркети „Валмарт“ на крајот на 2020 година ги награди своите вработени со 388 милиони долари како признание за нивната постојана посветеност кон клиентите за време на пандемијата.
„Амазон“ им исплати бонус на хонорарците и вработените со скратено работно време, а „Фејсбук“ во март 2020 година соопшти дека на 45 илјади вработени ќе исплати по 1.000 долари бонус.
Дополнително, овие технолошки компании им обезбедија опрема за работа од одма на своите вработени.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.