Направете промена на кариерата во рамки на компанијата

од 24HR

Во Македонски Телеком преквалификацијата и ре-квалификацијата на кариерата и вештините е возможна и посакувана-Илина Демирева,cпецијалист за HR комуникација и ангажираност на вработените во Македонски Телеком. 

Со Career shifter ние создаваме ИТ кадри. Тоа е програма за развој на нови вештини и промена на кариерата во рамки на компанијата

Кога сакаме промена на кариерата, речиси секогаш размислуваме за нова работа во друга компанија, на друга локација, со нови колеги… Тоа не е ни малку лесно да се направи, а е предизвик кој бара решителност и храброст. Кај нас, во Македонски Телеком отворено говориме за промена во кариерата, ја поттикнуваме и охрабруваме промената, а тоа го правиме преку програма која ги обучува, задржува и мотивира вработените, но и ги подготвува за нови предизвици.

Дигиталната трансформација постојано го менува начинот на кој работиме и ние мора да делуваме брзо на новите предизвици, како и да наоѓаме и да понудиме соодветни решенија во согласност со стратешката определба на компанијата. Брзиот развој на ИТ индустријата пак, предизвика зголемена потреба и потрага по искусни кадри во ова поле и очекувано се соочивме со потребата од задржување и регрутирање на ИТ кадри. Ова не натера да размислуваме поинаку – да се осврнеме на вештините коишто ги поседуваат и да ги лоцираме вештините коишто ги посакуваат нашите вработени. Оттука, ние во Македонски телеком создаваме развивачи на софтвер во рамки на компанијата.

КАКО ДО ПРОМЕНА НА КАРИЕРАТА ВО РАМКИ НА САМАТА КОМПАНИЈА?

Водени од фактот дека вештините на нашите вработени не се секогаш соодветно искористени, создадовме програма со која се унапредуваат и развиваат, но и стекнуваат нови вештини. Career shifter е програма со интернацонална позадина, водена од врвни експерти од Дојче телеком, преку која се прави промена на кариерата на вработениот во период од 14 недели. По завршувањето на обуката, вработениот веднаш започнува да работи како Помлад инженер за развој на софтвер во Секторот за ИТ.

Career shifter е за сите оние вработени коишто отсекогаш посакувале да работат на развивање на софтвери, но едноставно до сега тоа не го направиле. Ја отворивме оваа извонредна можност и ги повикавме сите оние со страст и желба да работат во ИТ секторот да се пријават на Програмата. Предзнаења од ИТ областа не баравме – потребно беше само волја и желба за учење, остар ум и логичко размислување.

По деталниот процес на селекција, нашите вработени влегоа во Академијата и се посветија на 4-месечно учење. Учеа многу, секојдневно и посветено…
Можеби звучи едноставно, но вистината е дека не е. Можеби имаше дилеми дали и како овие наши вработени без искуство во ИТ, ќе успеат да ги совладаат потребните вештини за работа во ИТ секторот за толку кратко време? Вистината е дека тие успешно го завршија процесот и станаа дел од тимот на ИТ за развој на нови решенија.

КАКВИ СЕ ИСКУСТВАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ КОИ ВЕЌЕ ЈА НАПРАВИЈА ПРОМЕНАТА?

ЌИРКО РИСТЕСКИ
ПОМЛАД ИНЖЕНЕР ЗА РАЗВОЈ НА СОФТВЕР

“Благодарен сум на Македонски Телеком и “Career shifter” програмата за оваа огромна можност. Многу ми помогнаа во идентификувањето на моите интереси и остварување на моите цели како иден software developer”

ЕЛЕНА ДИМОВСКА
ПОМЛАД ИНЖЕНЕР ЗА РАЗВОЈ НА СОФТВЕР

Забрзаното учење, учењето со фокус на вистинските проблеми, како и силната мотивираност ми овозможија да станам дел од ИТ секторот и да го постигнам посакуваниот предизвик, да започнам едно ново поглавје во мојата кариера.”

ФИЛИП ЏАМБАЗОВ
ПОМЛАД ИНЖЕНЕР ЗА РАЗВОЈ НА СОФТВЕР

Дванаесет години работам во техника, но да работам на развој на софтевер од секогаш било предизвик за мене. Оваа програма ми го овозможи тоа на начин што немањето самодоверба, несигурноста и стравот од неуспех ги доведува на минимум.” 

БОЈАН СТОЈАНОВСКИ
ПОМЛАД ИНЖЕНЕР ЗА РАЗВОЈ НА СОФТВЕР

“Како посебна интересна случка не би издвоил ниту една, бидејќи секој ден беше посебно интересен исполнет со многу смеа и позитивна енергија како од страна на учениците така и од страна на професорите. Навистина едно уникатно искуство, според мене.”

СТЕФАН  НИКОЛОВСКИ
ПОМЛАД ИНЖЕНЕР ЗА РАЗВОЈ НА СОФТВЕР

“Со академијата ја стекнав самодовербата да го работам тоа што го сакам.”

Мразот го пробивме, првичните резултати од Career shifter се одлични. Она што радува е дека постигнавме баланс на задоволство и успех помеѓу Компанијата и вработените. Искуствата на вработените коишто беа дел од оваа програма ќе придонесат за нејзино усовршување, но и за промоција кај другите. Ја следиме нивната работа и прогрес и им посакуваме натамошен успех и развој на кариерата.

Career shifter е програма со интернацонална позадина, водена од врвни експерти од Дојче телеком, преку која се прави промена на кариерата на вработениот во период од 14 недели. По завршувањето на обуката, вработениот веднаш започнува да работи како Помлад инженер за развој на софтвер во Секторот за ИТ.

За авторот:

Илина Демирева – Специјалист за HR комуникација и ангажираност на вработените во Македонски Телеком. Професионалец со повеќегодишно искуство во областа за човечки ресурси. Енергична и креативна со фокус кон ХР комуникација, креација и имплементација на програми за задоволство и задржување на вработените, како и кон се она што подразбира предизвик и успешна приказна со потписот на Телеком.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...