Новогодишно пакетче – Чоколадо vs. Искуство

од 24HR

Дали сакате новогодишните пакетчиња да ја подржат програмата work-life баланс и како компанија да бидете поддршка во ова ново време?

Не е разумно да очекуваме секогаш се да оди во посакуваната насока, но затоа можеме да избереме секогаш да бидеме благодарни како за победите така и за лекциите. Новото време не ни донесе се она што посакувавме, но затоа ни донесе нешто поважно, свесност да бидеме благодарни за работите кои ги имаме или ги имавме а кои што ги подразбиравме.

Дали сакате новогодишните пакетчиња да ја подржат програмата work-life баланс и како компанија да бидете поддршка во ова ново време, доколку одговорот е ДА, ве молам продолжете да читате.

Поривот да ја напишам книгата се јави од моето воодушевување од НЛП (неуролингвистичко програмирање – методологија за личен и професионален успех произлезена од истражувањата што е клучната разлика помеѓу успешните и не толку успешните луѓе и како да се премости тој јаз) од една страна и од друга страна моите две дечиња кои во мене ја разбудија желбата за адаптирање на знаењето стекнато во НЛП едукацијата за најмладите со приказни блиски до децата.

Покрај сите работи кои ги обезбедуваме за нашите деца, топол дом, облека, храна, играчки, одмор … ние на дар им го даваме и нашиот став кон животот. Со оваа книга која е наменета да им биде поддршка на родителите во градење на позитивното размислување кај децата и самите родители ќе имаат можност да го погледнат сопствениот живот со нови очи, да погледнат што сѐ има добро во него. Самата книга е интерактивна со искажување на благодарност на различни теми од една страна детето и од друга страна родителот. Со активно партиципирање во книгата родителите ќе имаат можност со децата да поразговараат на различни теми, да видат како децата им размислуваат и да ги носат кон вистински вредности.

Кога се избира стратегија за успех често се занемаруваат двата чекори, а тоа е како се чувствувам кога ја избирам стратегијата за успех, првиот чекор и што зборувам додека ја избирам стратегијата за успех што е вториот чекор. Како одговор на првиот чекор настана интерактивната книга #Благодарам и играта #Благодарам, а како одговор на вториот чекор работам на втората книга а играта #КакоМоже 1,2,3 веќе е тука. Благодарноста е научно докажано дека ја менува состојбата во која се наоѓаме, го менува начинот на кој се чувствуваме, а истото е подкрепено со многубројни истражувања.

Со овој текст сакам да ја отворам можноста за збогатување на препознатливите чоколадни новогодишните пакетчиња со искуство, да ги поканам компаниите да ги збогатат новогодишните пакетчиња за дечињата со интерактивната книга #Благодарам. Верувам дека со помалку чоколади и книга бенефитот ќе биде на двете страни, на вашите вработените ќе им подарите квалитетно време поминато со нивните најмили во кое ќе согледаат дека во животот имаат многу работи кои заслужуваат и славење, а тоа ќе им го подобри и расположението. Со подобрено расположение и задоволни ќе дојдат на работа, а науката потврдува дека задоволни и расположени вработени имаат подобри резултати, што дирекно влијае на резултатите на компанијата.

ПОДАРОК за вас и вашите вработени независно одлуката за вклучување на интерактивната книгата #Благодарам во вашите новогодишни пакетчиња се игрите кои што се дел од Кампањата #ЛиченИзбор. Овие игри имаат за цел да помогнат во опремување на новите генерации со клучните вештини потребни за работното место и тоа ставот како може (играта #КакоМоже 1,2,3) т.е. фокус кон изнаоѓање на решение vs. фокус на проблемот и позитивниот став со фокус на се она што е добро (играта #Благодарам). Со поклонување на овие игри на вашите вработени ќе им поклоните и квалитетно време поминато со нивните најмили во кое верувам дека и тие ќе имаат корисни увиди применливи и во деловното окружување. Развојот на вработените е повеќе од клучен за новото време во кое што делуваме, со тоа сите ние од HR се согласуваме. Побарајте ги во DM на Instagram @ana.saltirova.davidovski и FB page Ana Saltirova Davidovski – Blagodaram @licenizbor.

Интерактивната книгата #Благодарам има 72 страни, тврда корица, во 2018 беше на листата најпродавани 20 книги преку www.kupikniga.mk, а во првата година го доживеа и своето реиздание, запознајте ја во ова едноиолминутното видео на следниот линк.

1 коментар
12

Related Posts

1 коментар

Ilija ноември 24, 2021 - 4:35 pm

Многу добра идеа…вредноста е неспоредлива

Врати

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...