Германскиот портал за вработување Jobsintown.de преку иновативна кампања покажа дека животот е премногу краток за погрешна работа.
Со низа фотографии кои покажуваат реални луѓе во машини за опслужување на клиенти, германскиот портал за вработување Jobsintown.de покажа зошто животот е премногу краток за да се занимавате со погрешна работа.
Така на пример, позади банкоматот кој секојдневно го користиме е прикажан банкарски службеник, слаткарка позади машината за сладолед, келнерка позади кафематот и сл.
Преку оваа иновативна кампања германскиот огласник се обидува да ги мотивира луѓето да бидат издржливи во потрагата по својата совршена работа.
И може да се каже дека Jobsintown.de навистина успеа во тоа преку овие фотографии.
Погледнете и сами:
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.