Ако барате работа во областа на продажбата или човечките ресурси, тогаш имате среќа.
Жешкиот пазар на труд, кој се карактеризира со недостиг на талент, менаџери кои имаат потешкотии да ги пополнат работните места и откази од страна на вработените, создаде возбудливи можности за секој што во моментов бара работа. Но, кои индустрии покажуваат најголеми ветувања?
Payscale, софтверска компанија која се занимава со истражување на платите на вработените, ја објави својата годишна листа на она што се нарекува „најжешки“ работни места, потпирајќи се на податоци добиени од милиони вработени. За да ја направи овогодинешната листа, компанијата прегледа 865.000 анкети за плати во САД во периодот од октомври 2020 до октомври 2021 година.
Компанијата направи категоризација на најпосакуваните работни места во три групи, и тоа: Раст на профили на луѓе кои за првпат бараат работа, вкупен раст на профили и профили со најбрз раст на платите. Подолу се наведени некои од најдобрите работни места за 2021 година во секоја категорија:
Работни места со најголем интерес кај новите баратели на работа:
- Консултант за убавина
- Виш инженер за податоци
- Виш регрутер
- Координатор за регрутација
- Соработник за малопродажба
Работни места со најголем интерес кај сите работобаратели:
- Менаџер за успех на клиенти
- Тим лидер за продажба
- Менаџер за различности
- Советник за продажба
- Специјалист за е-маил маркетинг
Работни места со најбрз раст на платите:
- Медиа директор
- Шанкер
- Главен инженер
- Директор за е-трговија
- Осигурителен брокер
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.