Колкупати досега аплициравте за нова работа, но безуспешно?
Никако не успевате да ја погодите „формулата“ за совршеното CV?
Планирате да отворите сопствен бизнис, но не знаете каде да започнете?
Brainster креираше поткаст кој има за цел да одговори на сите овие прашања и да ве подготви за процесот на стартување на нова кариера, поефикасно и полесно.
BRAINCAST е видео поткаст чија главна цел е проширување на знаењата преку директно споделување на искуства и совети од докажани експерти. Темите кои ги опфаќа BRAINCAST се движат од кариерен развој, подготовка за процесот на работа, до лидерство и претприемништво. Гостите се врвни експерти во нивните дејности кои несебично ги споделуваат своите знаења, со цел да ги подготват гледачите да бидат поефикасни во нивниот кариерен развој.
Во епизодата која ја споделуваме во оваа објава, Олгица Наумовска, извршен директор на HSO Global Services, Јана Тодоровска, лидер на Partnerships тимот на Brainster и Петар Ниновски, основач и CEO на Brainster, споделуваат клучни насоки како полесно и побрзо да го совладате процесот на подготовка за интервју, интервјуирање и follow-up.
Зачувајте ги овие препораки и имајте ги при рака во секој момент кога ќе ви се потребни, преземајќи го прирачникот „20 чекори до нова кариера“ достапен на овој линк: https://braincast.brainster.co/careerguide .Погледнете ги сите видео поткасти на BRAINCAST плејлистата и слушнете ги препораките и советите кои ќе ви помогнат полесно да ги совладате сите предизвици на патот до личен и професионален развој. BRAINCAST е достапен и на Spotify.
Кликнете subscribe на Brainster YouTube каналот за веднаш да добивате информација за сите нови, следни епизоди!
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.