Секој кариерен пат, така и мојот, е исполнет со доста предизвици, труд, посветеност, константно учење, но и одлични ментори кои ми даваа насоки и поддршка низ целиот процес.

од 24HR

Прочитајте ја приказната за љубовта кон човечките ресурси со Елена Огненовска HR Manager во ⋮IWConnect

Елена Огненовска e дипломиран правник, со деветгодишно професионално искуство во областа на Човечки ресурси и администрација, а моментално на позиција менаџер за човечки ресурси во ⋮IWConnect. Нејзината кариера е одбележана со разновидни улоги за човечки ресурси во мали и големи компании и таа верува дека патување од правото до човечки ресурси ѝ обезбеди единствена перспектива, овозможувајќи ѝ да донесе свеж и динамичен пристап во ова поле. Длабоко е посветена на поттикнување на позитивна култура на работното место и обезбедување на професионален раст и благосостојба на вработените.

Што ве натера да се вљубите во HR како професија?

Љубовта кон човечки ресурси како професија произлегува пред сѐ од нејзината динамична и предизвикувачка природа, од можноста и шансата преку неа да се придонесе за успехот на организацијата и стратешки и етички, но и од нејзиниот потенцијал да има позитивно влијание врз кариерниот развој на луѓето.  Овие аспекти колективно ја прават за мене оваа професија длабоко исполнувачка и предизвикувачка. Секако, тука ќе ја додадам и можноста за континуирано учење и раст, со оглед на тоа дека Човечки Ресурси претставува динамично поле кое постојано се развива.

Од каде почнавте и како изгледаше вашата кариерна патека?

Јас сум дипломиран правник со деветгодишно искуство во областа на Човечките Ресурси и администрација, а конкретно мојата кариера во оваа професија започнува во 2014година, во компанија која тогаш броеше повеќе од петстотини вработени. Тоа беше фантастична можност за мене бидејќи ми даде цврста основа во операциите за човечки ресурси и ми овозможи да ги научам сите предизвици кои ги носи со себе оваа професија. Со текот на времето, превзедов повеќе одговорности и напредував во повеќе улоги, а секако едно од најзначајните искуства ми е во “IWConnect”, каде што развив силен сет на вештини за денес да раководам со најдобриот тим од професионалци за човечки ресурси.

На крај, како и секој кариерен пат, така и мојот, е исполнет со доста предизвици, труд, посветеност, константно учење, но и одлични ментори кои ми даваа насоки и поддршка низ целиот процес.

Кое е вашето најголемо достигнување во областа на човечките ресурси?

Choose a job you love and you will never have to work a day in your life.” – Confucius

За мене најголемото достигнување е тоа што јас ја одбрав работата која е дел од мојот живот и сите предизвици кои сум ги надминала и ќе ги надминам  за мене претставуваат достигнување во оваа област. Секоја нова улога и секоја нова одговорност што сум ја добила претставува ново достигнување и едно скалило нагоре кон мојот професионален и личен развој.

Јас сум човек кој сака да добие и да даде фидбек и ценам кога сум опкружена со луѓе кои несебично го даваат истиот (позитивен и конструктивен), бидејќи тоа е начинот на кој сите ние растеме и се подобруваме. И нема поголемо достигнување кога некој (колега, пријател), ќе ти каже дека си имал влијание и си помогнал во нивниот раст и развој, дека нешто си ги научил, си им бил поддршка и дека со твоја помош успеваат и тие да ги надминат своите предизвици и да ги достигнат своите цели.

Што би им порачале на сите кои размислуваат за кариера во HR?

Да запомнат дека патувањето и градењето на кариера во Човечки ресурси е уникатно за секого, а патот до успешна кариера може да варира врз основа на индивидуалните околности, интереси и можности.  Според мене, за да напредувате во областа на човечки ресурси од суштинско значење е да останете прилагодливи, отворени за нови искуства и да сте секогаш спремни за нови предизвици.

Што мислите за порталот 24ХР?

Слободно можам да кажам дека јас сум со 24HR уште од самите почетоци и сум многу среќна за тоа. Порталот е најдоброто место и ефикасен начин каде што сите професионалци во оваа област можат да ги споделат своите искуства, практики и знаења.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...