Во светот на технологијата, учењето никогаш не запира, а најдоброто место за стекнување практично знаење е токму таму каде што дигиталната трансформација се случува секој ден. Затоа, преку Smart Start, веќе трета година по ред инвестираме во младите и ги поврзуваме со реалниот бизнис свет, подготвувајќи ги за успешна кариера во полето на ИТ, дигитализација, технологија и вештачка интелигенција.


Досегашните учесници во програмата покажаа извонреден потенцијал и тие денес се дел од нашиот тим, со постојано вработување. Сега, продолжуваме понатаму и горди сме што преку програмата Smart Start, им посакавме добредојде на новата генерација млади таленти – практиканти, кои ќе имаат можност да работат на реални проекти и се подготвени да ги откријат тајните на дигитализацијата, да ги откриваат најновите технологии, да се соочат со ИТ предизвици и да учат од врвни експерти во индустријата.


Што ги очекува?
Првите шест месеци ќе бидат исполнети со интензивно учење, истражување и работа на проектите за кои аплицирале. Ќе работат во модерно и инспиративно работно опкружување, ќе учат од најдобрите експерти во индустријата, ќе стекнат нови вештини кои ќе ги применат во пракса. Покрај работните задачи, ќе имаат бројни бенефиции и ќе бидат дел од тимска средина која поттикнува креативност, иновации и размена на знаење.
Македонски Телеком е место каде што талентот и амбицијата се препознаваат, а програмата Smart Start е совршена можност за првиот чекор во кариерата. По завршувањето на програмата, практикантите ќе имаат можност за долгорочна кариера во компанијата и заедно со нас ќе продолжат да ја создаваат иднината на дигиталниот свет.
На сите нови Smart Start практиканти – добредојдовте во семејството на Телеком.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.